Jaguar Vector (со видео) :: Електричен рекорд на вода

Електричен рекорд на вода

Објавено на 27 јуни 2018 година

Струјата и водата не се согласуваат баш најдобро, но Jaguar реши да ги докаже своите електрични технологии токму на вода. Напомош беа повикани експерти за брзински рекорди со глисери, но и оние од формула Е. Со заеднички сили тие го создадоа Vector Racing V20E, за кој веднаш се согласија дека има капацитет за соборување рекорди. Се обидоа и успеаја – електричниот глисер уште во првиот обид помина еден километар на езерото Конистон во Англија со просечни 144,3 километри на час. Радоста беше голема, посебно затоа што претходниот рекорд во оваа брзинска категорија изнесуваше далеку пониски 125 километри на час. Него го постигна Питер Дреџ, кој веднаш најави дека ќе се обиде да го подобри. Техничките податоци за глисерот не се соопштени.

Jaguar Vector

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER