Супер спортски електричен автомобил инспириран од октанската легенда
Со омасувањето на електричниот погон добиваме сé посилни, но и поскапи автомобили. Веќе не зачудува што како печурки никнуваат производители на ЕВ кои нудат моќни перформанси и ограничени мали серии не срамејќи се за нив да бараат суми повисоки и од реномираните спортски марки.
Пример за тоа е малата германска компанија Elegend која ќе произведе 30 рачно изработени примероци од EL1, суперспортски автомобил кој е визуелно и пропорционално базиран на Audi Sport Quattro S1 од 1980-тите. 4,16 метри долгата каросерија е изработена од карбон по принципот на монокок поставен на алуминиумска основа.
Реализацијата на овој проект е закажана за следната година. Поради амбициите за продажба и во САД компанијата се откажа од камерите и во игра ги врати надворешните ретровизори.
Пред две години беше прикажана студијата на EL-1. За разлика од неа производствениот модел има порафиниран дизајн, а внатрешноста во голема мерка доминираат елементи направени јаглерод.
Два електрични мотори со вкупна моќност до 600 kW (816 КС) ја пренесуваат моќноста на сите тркала. EL1 спринта од мирување до 100 km/h за околу 2,8 секунди, а потребни се 7,5 секунди за да достигне 200 км/ч.
Elegend планира до комерцијалното лансирање да ја достигне максимална брзина од 300 км/ч. Овие перформанси ќе ги овозможи батеријата со нето капацитет од 80 kWh.
Баварскиот производител тврди дека опсегот е нешто помалку од 400 километри и ветува дека со едно полнење на батеријата можете да завршите „два жешки круга на Нирбургринг-Нордшлајфе со тркачко темпо“ без никакво губење на перформансите. Нето цената за Elegend EL1 е 890.000 евра.



