Kia K900 (со видео) :: Елеганција која не е за Европа

Елеганција која не е за Европа

K9, K900 или Quoris како уште се вика оваа елегантна голема лимузина, нема да ја видиме во Европа
Објавено на 3 април 2018 година

Недостатокот на искуство во правењето луксузни лимузини Корејците го надоместуваат со ентузијазам. Тој во случајот на Kia е навистина голем – колку што е и нивниот знаменосец, моделот К900. Ваквиот факт најдобро се согледува од неговите димензии – должината од 5,1 и меѓуоскиното растојание од 3,1 метар. Дизајнот кој е продукт на соработката на корејските и американските развојни центри на Kia се одликува со Kia K9ненаметлива елеганција. Раскошноста на внатрешноста облагородена со кожа и дрво е дополнета со интелигентен систем за контрола на амбиенталното осветлување со кромотерапија. Софистицираноста во пристапот пак со други напредни технологии, меѓу кои и Harman Kardon аудио системот од 900 вати со 17 звучници. За погон е превиден 3,3 литарски твин-турбо V6 мотор со 365 коњски сили, во комбинација со 8-степена автоматика.

За четири години колку што поминаа од претставувањето на првата генерација на оваа луксузна лимузина, во САД се продадоа едвај нешто над 5 илјади примероци по цени кои стартуваат од 50 илјади долари. Се произведува во Јужна Кореја, а се пласира уште и во Русија, на Блискиот Исток и неколку земји од Латинска Америка. Наскоро ќе се најде и на пазарот во Кина, а Европа не е во план.

Kia K9

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER