ECOBEST 2024 – Тест на електрични возила во реални услови

Годинава по четврти пат, со 13 возила

ECOBEST 2024 предизвикот на тестирање во реални услови откри изненадувања и покажа кои се новите лидери во електричната мобилност

Со цел да ги информира, насочи и советува европските купувачи за вистинската ефикасност и употребливост на најновите чисто електрични автомобили, меѓународната независна организација AUTOBEST го изведе новото издание на својот ECOBEST Challenge во кој 13 нови автомобили од 13 различни производителите оценувани во реални услови на секојдневен сообраќај поминувајќи низ 7 различни видови на тестови чии резултати се од најголем интерес за корисниците на електрични возила.

Тестовите извршени оваа година во споредба со минатата покажуваат големи подобрувања во некои области, како брзото време на еднонасочно полнење, но не и во клучната област – енергетската ефикасност, која итно треба да стане главен фокус за производителите на електрични возила. Во принцип, електричната мобилност направи добар напредок со многу повисоко темпо отколку што се очекуваше, но тој не е хомоген, што го покажува фактот дека 6 различни автомобили од 6 различни марки – Volvo двапати, Kia, Audi, Opel, Honda и Mini однесоа победи во 7-те категории на тестовите и индексите на ECOBEST предизвикот. Друго изненадување е фактот што иако е лидер и репер за електричната мобилност повеќе години, Tesla не доминираше во ниту една категорија во оваа 2024-та.

По абецеден ред, 13-те автомобили што AUTOBEST ги тестираше во ECOBEST 2024 предизвикот се: Audi Q4 Sportback 45 e-tron, BMW i5 Touring, BYD Dolphin, Fiat 600e, Honda e:Ny1, Hyundai Kona, Kia EV9, Mini Cooper SE, Opel Corsa, Tesla Model Y, Volkswagen ID.7 и Volvo EX30.

„Тестовите на ECOBEST 2024 предизвикот уште еднаш јасно покажуваат дека иднината на електричните автомобили не се состои во сé поголеми и поголеми батерии, туку од една страна во подобрување на енергетската ефикасност што значи зголемување на растојанието што може да се помине со секој еден kWh, а од друга страна, обезбедувајќи им на корисниците сé побрзо и побрзо време на полнење. Иако можевме да видиме голем напредок во времето на полнење, бевме разочарани од прилично стагнирачката енергетска ефикасност”, рече Дан Варди, основач и претседавач на AUTOBEST и креатор на ECOBEST предизвикот.

Врз основа на добиените податоците, возачите ќе можат да одлучат дали се подготвени за замена на традиционалното со електрично возило и да оценат дали она возило што сакаат да го купат може да ги исполни нивните вистински потреби. Уникатната и реална методологија развиена и разработена од AUTOBEST е сертифицирана од независната организација Veritas.

Клучни бројки, толкување на наодите и техничка позадина

  • ОГРОМНО ПОДОБРУВАЊЕ ВО БРЗОТО ЕДНОНАСОЧНО ПОЛНЕЊЕ – Извонреден резултат на ова издание е краткото време на еднонасочно брзо полнење за сите 13 автомобили на тестот кое изнесуваше меѓу 7 и 18 минути за полнење на струја за 100 km – прворангирана е Kia EV9. Ова покажуваат колку сите производители напредувале во овој чувствителен процес за секој возач.
  • АМБИВАЛЕНТНИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ ПРИМЕНА НА НАИЗМЕНИЧНИ ПОЛНАЧИ – Помалку импресивни се можностите за полнење со наизменична струја кои за тестираните автомобили се движат од 59 минути за најдоброто возило во ова издание Volvo EX30 за 100 km до 2 часа и 27 за последното рангираната KIA EV9 што само по себе е многу интересен факт.
  • ОБЈАВЕНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА АВТОНОМИЈАТА СЕ ПОБЛИСКУ ДО РЕАЛНИТЕ (EcoC 1 тест) – На ова издание на ECOBEST предизвикот ниту еден од 13-те модели не го надмина хомологираниот опсег според WLTP циклусот. Со EcoC 1 индекс од 98,95% Audi Q4 Sportback 45 e-tron ​​е најуспешен и еден од најдобрите во историјата на ECOBEST. Шест од преостанатите возила се помеѓу 80% и 90%, а останатите шест се меѓу 73% и 79,8%.
  • НАПОЛНЕТЕ ПРЕД БАТЕРИЈАТА ДА КАЖЕ ДЕКА Е ПРАЗНА – Најголем предизвикот од самиот почетокот на нашите тестирања е уште колку живот има батеријата откако индикаторот ќе покаже 0 километри или 0% наполнетост. 12 од 13-те автомобили докажаа дека имаат стратешка резерва на електрична енергија за поминување меѓу 2 и 24 километри. Volvo EX30 е победник на ова мерење, но неговиот резултат е далеку од рекордот од 45 километри измерени во минатогодишното издание, додека само еден автомобил запре откако индикаторот за батерија покажа нула.

  • СÉ УШТЕ СЕ РАБОТИ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ (EcoC 2 тест) – кај ECOBEST предизвикот, AUTOBEST користи два соодветни индекси. EcoC 1 го претставува соодносот помеѓу реалната и WLTP автономија, а EcoC 2 ја наведува вистинската енергетска ефикасност покажувајќи колку реални километри возење може да обезбеди одреден автомобил со 1 kWh струја. Затоа и EcoC 2 е најважниот показател на енергетската ефикасност на електричните возила. Со 6,84 km/kWh новата Opel Corsa е лидер годинава. За потсетување, рекордот беше воспоставен во 2021 година со извонредните 8,07 km/kWh од страна на Dacia Spring. Седум автомобили покажаа повеќе од 6 km/kWh, 4 беа меѓу 5 и 6 а само еден под 5 km/kWh.
  • ВИСТИНСКА ЕФИКАСНОСТ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ПОЛНЕЊЕ (EcoC 3 тест) – Годинава Honda e:Ny1 покажа најдобар сооднос помеѓу вистинската енергија наполнета во батеријата и официјалниот нето капацитет, односно ефикасноста на процесот на полнење.
  • ВИСТИНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЌЕ СЕ МЕРЕ СО ВОЗЕЊЕ И ПОЛНЕЊЕ (EcoC 4 индекс) – За да се даде уште подобра реална перспектива, EcoC 4 кој беше претставен минатата година ја мери вистинската ефикасност на автомобилот, земајќи ја предвид енергијата наполнета во батеријата (не нето капацитетот) и реалната автономија – победник е Mini Cooper SE.
  • AUTOBEST ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА ECOBEST СТРУКТУРА – AUTOBEST го промовира Алесио Виола, италијанскиот претставник во жирито на AUTOBEST како потпретседател на жирито задолжен за проектот ECOBEST Challenge. Дејвид Андерсон, член на жирито од Норвешка и Јоан Далмау, шпанскиот претставник, стануваат членови на одборот на ECOBEST предизвикот.
  • СИГУРНИ ТЕСТОВИ БЛАГОДАРЕНИ НА СЕРТИФИРАНА МЕТОДОЛОГИЈА – Изданието 2024-та на ECOBEST предизвикот по втор пат ја доби сертификацијата Bureau Veritas глобално признание за вистинската, сеопфатна и иновативна методологија употребена во тестирањето на електричните возила во реални сообраќајни услови обезбедувајќи ги резултатите на непристрасен начин.

  • НАМЕНСКА АПЛИКАЦИЈА ГИ СОБИРА СИТЕ ПОДАТОЦИ – трета година ECOBEST користи апликација специјално направена за мерење на клучните податоци преку директно поврзување на мобилниот Xiaomi терминал со автомобилот. Со ова AUTOBEST добива широк опсег на податоци од тестирањата и процесот на полнење. Исто така, ги бележиме и температурите на батериите за време на различни фази на тестирањата и полнењето.
  • VINFAST КАКО ГЛАВЕН ПАРТНЕР НА ECOBEST – Веќе 4-та година ECOBEST предизвикот се спроведува во партнерство со Vinfast, виетнамскиот производител на електрични возила и дел од Vingroup, најголемиот индустриски конгломерат во Виетнам. Ниту еден модел од Vinfast не вклучен во ECOBEST предизвикот, а тестовите се вршат во апсолутна транспарентност.
  • ЗНАЧАЈНИ ТЕХНИЧКИ ПАРТНЕРИ ГО ПОДДРЖУВААТ ECOBEST – AUTOBEST ја имаше логистичката и техничката поддршка на италијанското автомобилско списание Quattroruote, Xiaomi за мобилните уреди и e-gap за полнење откако батериите ќе се потрошат на крајот од тестот. Апликацијата за бележење на податоците е PKC – Power checK Control, развиена од италијанската компанија Power Cruise Control.

Фундаментално за ECOBEST предизвикот

ECOBEST Challenge е првиот европски независен тест во секојдневни сообраќајни услови за големосериските електрични возила кој ги покажува нивните реални карактеристики со транспарентен, неутрален и избалансиран пристап. Резултатите се  добиваат со конзистентна методологија на тестирања извршени идентично на сите возила кои учествуваат. Оваа методологија е инспирирана од практичните потреби и однесувањето во возењето на повеќето европски возачи кое произлегува од навиките во нивните секојдневни патувања. Според критериуми на избор за тестираните автомобили во ова издание се избрани само новите, популарни електрични возила со цена под 65.000 евра за стандардниот модел, без давачки и без субвенции. ECOBEST предизвикот не е замислен за или против кој било модел или бренд и не е ниту типичен компаративен тест за автомобилите, ниту пак тест за соборување на рекорди.

Главни наоди

Како резултат на непристрасниот начин на мерења, податоците за реалниот опсег покажуваат дека WLTP е малку пооптимистички во споредба со возењето во реален сообраќај -ниту еден од тестираните модели не ја постигна својата хомологирана WLTP бројка. Сите автомобили достигнаа повеќе од 73 отсто, а најдобар беше Volvo EX30 со извонреден EcoC 1 индекс од 98,95%.

Воведен пред три години, клучниот EcoC 2 индекс ја претставува суштината на енергетската ефикасност. Во споредба со претходното издание се доби просечен EcoC 2 индекс за сите тестирани автомобили. Најефикасниот автомобил Opel Corsa успеа да помине 6,84 km со 1 kWh што е помалку во споредба со минатогодишниот победник. Најнискиот EcoC 2 индекс на тестот изнесуваше само 4,52 km/kWh и беше во согласност со најниските резултати од претходните години. Врз основа на годинешното оценување треба да се нагласи потребата сите производители на електрични возила ширум светот да продолжат да се фокусираат на тоа како се троши енергијата на задвижување на автомобилите. За да бидат конкурентни, електричните возила треба драматично да ја подобрат својата енергетската ефикасност, што е клучен императив.

ECOBEST е еден од ретките независни тестови во Европа кој мери што се случува откако индикаторот за резерва на батерии ќе покаже дека се празни – сите автомобили се возени до целосно трошење на батериите, што покажа дека освен кај еден, батеријата останува во живот дури и кога ќе покаже нула, и тоа меѓу 2 и 24 километри возење. Најдобар по овој критериум се покажа Volvo EX30.  Во споредба со минатата година, сегашниот тест покажа помалку разновиден опсег со помали бројки, што укажува на императивна потреба возачите подобро да се информираат за овие клучни информации. И покрај тоа што е многу важно да знаете колку сé уште има струја во очигледно празните батерии, AUTOBEST препорачува подобро никогаш да не дојдете во ситуација да ја користите.

Друг интересен резултат на ECOBEST предизвикот е енергијата потребна за целосно полнење на автомобилите со целосно празни батерии, EcoC 3 индексот. Сите возила бараат повеќе енергија од капацитетот на батериите, и тоа меѓу 2,5 и 20,1%. Најдобар по овој критериум беше Honda e:Ny1. Дополнителната потрошувачка при полнење е истражена и има неколку причини за тоа. Дел од енергијата се губи кога струјата се трансформира од наизменична во еднонасочна. Дел од енергијата се троши за напојување на сите системи на автомобилот што се користат за полнење, главно инвертерот, но исто така и за  софтверот и сé што е поврзано со процесот на полнење. Енергијата се користи и за ладење на батеријата чија температура се зголемува со брзината на полнење, особено во топли климатски услови. Исто така состојбата на батериите и типот на полначот може да генерираат одредени загуби.

Во континуираното подобрување AUTOBEST го додаде EcoC 4 индексот кој е клучен параметар за проценка на вистинската ефикасност на електричните автомобили. Тој покажува колку километри автомобилот поминува со еден kWh земајќи го предвид не номиналниот нето капацитет на батеријата, туку вкупната количина на енергија што ја обезбедува полначот. Најдобриот EcoC4 индекс го постигна Mini Cooper SE, а вредноста е 5,82 km по реален наполнет kWh. Поради загубата на енергија при полнење најдобриот автомобил со EcoC 2 индекс, Opel Corsa, го освои само третото место во EcoC 4 рангирањето.

Ги меревме со голема точност процесите на брзо полнење користејќи станици со наизменична струја од 22 kW и од 350 kW со еднонасочна струја, кои на сите автомобили на тестот им го испорачаа максималниот капацитет за полнење. Веројатно најдобрата вест што ја донесе ова издание на ECOBEST предизвикот е фактот дека времето за брзо еднонасочно полнење значително се подобри кај сите 13 автомобили. Практично, струја за 100 km може да се наполни за време меѓу 7 и 18 минути. Просекот е подобар од минатата година и јасно покажува дека времето за брзо полнење се намалува. Минатата година рекордот од само 4 минути го имаше Hyundai Ioniq 6, а годинава на Kia EV9 и требаа помалку од 7 минути. Но исто така е важно да се истакне дека минатата година најдолгото време за брзо полнење за 100 km беше 25 минути, доста повеќе од оваа година.

Две важни забелешки: ги полневме батериите со за наизменична струја од 0 до 100%, а со еднонасочна од 20% до 80%, што е најчестиот препорачан циклус за вакво полнење. Времето за полнење за 100 километри е просек од целиот процес на полнење и мора да се сфати како такво. Како што забележавме, стапките на полнење не се линеарни.

Оваа година ECOBEST предизвикот покажа дека нема автомобил кој може да победи во сите рангирања. Затоа е важно сите возачи на електрични возила да знаат кои од овие мерења се клучни и поважни од другите за нив. AUTOBEST внимателно ги следи барањата на возачите и ги приспособува тестирањата според нив.

Како беше организиран ECOBEST предизвикот

ECOBEST 2024 предизвикот се одржа во Ваирано, во близината на Милано, каде се наоѓа полигонот на Quattroruote. Професионалните автомобилски новинари на AUTOBEST жирито возеа 13 електрични возила достапни во Европа, сите со повеќе од 350 километри хомологиран WLTP опсег и цена под 65.000 евра без давачки. Тестот започна и заврши во Ваирано, каде што ги наполнивме возилата. Сите тестирани возила беа редовни сериски модели со едно лице во нив, активен систем за климатизација и инфозабавна опрема и со препорачан притисокот во пневматиците. Сите автомобили се возеа во нормален режимот и со ​​користење режим на сопирање во градска средина.  Сите возила поминаа низ серија од три рути со различна должина, вклучувајќи автопати (55%), други патишта (25%) и урбани средини (20%).

Возачите ги менуваа автомобилите на секои 30 километри за да избегне каков било индивидуален ефект од стилот на возење во резултатите. Сите возила се движеа во конвој зад предводникот, со почитување на ограничувањата на брзината во секое време. Откако индикаторот на батериите покажа 0% или 0 km, автомобилите продолжија да возат по патеката во Ваирано до нивното целосно запирање.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER