EcoBest Challenge 2024 – Electrified by VinFast

Тест на реалната автономија на електричните возила, по четврти пат

Соработката меѓу VinFast и AutoBest продолжува со четвртото издание на тестот на реалната автономија на електричните возила кој се одржува во Ваирано, Италија. Верификацијата на резултатите ја потврдува Bureau Veritas со глобално признание за вистинската, сеопфатна, конзистентна и иновативна применета методологија во тестирањето на електричните возила во реални сообраќајни услови и проценувањето на нивните реални зелени акредитиви на непристрасен начин. Секако, и оваа година италијанската автомобилска библија Quattroruote го поддржува настанот како технички партнер.

 

Целта на овој тест е да се обезбедат јасни информации за електричните возила и да се подигне јавната свест за придобивките од транзицијата кон еколошките возила. Со него годинава ќе бидат опфатени вкупно тринаесет електрични автомобили од различни производители, и тоа Audi Q4 e-Tron, BMW i5 Touring, BYD Dolphin, Fiat 600e, Honda e:Ny, Hyundai Kona, Kia EV9, Lancia Ypsilon, Mini, Opel Corsa, Tesla Model Y, Volkswagen ID.7 и Volvo EX30. Тестирањето ќе се одвива на различен терен и сообраќајни услови за да се обезбедат најточните и најреални резултати. Мешаната рута опфаќа автопатишта, магистрални и регионални патишта и градска средина. Секое возило ќе се вози до целосно празнење на батериите во нормални услови на патишта и автопатишта и во еко-режим низ град.

 

Тест-возачите ќе ги применуваат своите типични стилови на возење користејќи ги по желба расположливите технологии во возилото, како што се клима-уредот, аудио системот и друго. Возачите ќе се менуваат ротирајќи ги меѓу себе автомобилите на секои 25 километри за да спречи влијанието на одредени стилови на возење. Резултатите од овој предизвик на купувачите ќе им обезбедат реални и непристрасни податоци за автономијата што може да ја очекуваат но и други практични информации, како на пример колку можат да поминат кога батериите веќе ќе бидат на резерва, енергетската ефикасност на возилото и многу повеќе. Резултатите од мерењата и EcoBest Challenge 2024 индексите ќе бидат објавени на прес-конференција после настанот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER