eBay забранува продажба на воздушни перници

Безбедноста пред заработката

После низа трагични несреќи, eBay одлучи дека воздушните перници и компонентите за нив повеќе нема да се продаваат на нивната онлајн платформа. Ова е резултат на појавувањето на фалсификувани производи кои никој ниту може да ги провери ниту пак да утврди од каде всушност потекнуваат. Претходниот обид да се запре нивното ширење преку воведување построги правила за тоа кој може да продава воздушни перници на eBay немаа целосен ефект – фалсификатите сепак пристигнуваа на пазарот. Иако никој нормален не би ризикувал во својот автомобил да вгради нова а уште помалку половна воздушна перница од сомнително потекло, има механичари кои тоа го прават за поголем профит без сопствениците на возила да бидат свесни за тоа.

За жал, ваквите случаи не се така ретки – во Америка се забележани најмалку 10 смртни случаи поврзани со вградување фалсификувани воздушни перници во автомобилите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER