Zagato AGTZ Twin Tail – Две опашки за само 650.000 евра

Во чест на Alpine A220 кој е еден од неправедно заборавените тркачки автомобили од 1960-тите години, италијанското студио  Zagato и ентузијастите од полската компанија La Squadra ги обединија силите и знаењата да создадат уникатно автомобилско дело.

Криптично наречен AGTZ Twin Tail, нивниот модел со својот динамичен дизајн ја продолжува приказната поставен на модерната механика од современиот Alpine A110. Тоа значи дека купувачите за сумата од дури 650 илјади евра ќе добијат 1,8 литарски четирицилиндричен турбо мотор и седумстепен менувач со двојна спојка.

Ќе ги има само 19 колку што примероци се планирани да се произведат. Најзначајна карактеристика е задниот дел кој може да се извади и остави дома, додека со него автомобилот добива драматична силуета. Но она што најмногу го прави посебен овој автомобил е дека се потребни околу илјада работни часа да биде направен од страна на италијанските мајстори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER