Две нови хибридни верзии
Објавено на 29 ноември 2017 година
Според најновите информации, Volkswagen работи развој на две хибридни верзии на Golf. Станува збор за возила со класични хибридни погонски групи сочинети од комбинација на 1,5 литарски TSi спарен со електромотор и 7-степен DSG менувач. Втората верзија треба да има уште еден електромотор за задните тркала, со што Golf би добил 4×4 способности но и поголема електрична автономија. И двете верзии имаат еднакви шанси да се најдат на пазарот со тоа што првата веќе е готова за производство, а другата е во протитипна фаза – заради комплексноста на системот потребно е повеќе работа за усовршување на неговиот софтвер.