Два дена, три вести
За два дена од кинескиот Lynk & Co пристигнаа три вести
Објавено на 26 март 2018 година
Звучи малку иронично но вистина е – додека Volvo започнува во Кина произведените возила да ги продава низ Европа, Кинезите од Lynk & Co се договорија своите модели да ги произведуваат во белгиската фабрика на Volvo. Соработката ќе стартува доцна идната година, кога од Гент ќе започне да излегува моделот Lynk & Co 01. Тој имаат доста заеднички работи со моделите на Volvo, така што прилагодувањето на фабриката во која работат околу 5.000 луѓе нема да биде никаков проблем. Во неа во моментов се произведуваат XC40, V40 и S60, а наскоро ќе започне и новиот V60. Иако имаат ист сопственик, лани Volvo купи 30% од акциите на Lynk & Co.
Втората вест што доаѓа од Lynk & Co е премиерата на моделот 02, која се одржа во Амстердам. И тој е кросовер направен на истата CMA платформа од Volvo XC40. Го има дизајнирано поранешниот дизајнер на Volvo Петер Хорбури, со премиум карактеристики и димензии доста слични на својот донатор. На неговото претставување беше истакнато дека е правен по европски вкус, како во поглед на внатрешноста така и механиката, поточно ослонувањето. Спецификациите не се соопштени. И третата вест од Lynk & Co е поврзана со Европа и се однесува на отворањето на првите продажни салони на марката на Стариот Континент. Како локации се потврдени Амстердам, Барселона, Берлин, Брисел и Лондон. Терминот кога ќе проработат исто така не е соопштен.