DS ја крати гамата

DS ја крати гамата

Објавено на 5 јуни 2018 година

Претставени со големи амбиции, DS4 и DS5 го завршија својот животен пат со мала продажба. Францускиот премиум бренд одлучи да ги прати во историјата, прекинувајќи со нивното производство. Одлуката можеби беше тешка, но пред сé е логична бидејќи постигнатите бројки се навистина мизерни – минатата година за DS4 во Европа се одлучија 11.746 купувачи, а DS5 беше испорачан на само 5.738. Од компанијата не сакаат многу да коментираат за ова, надевајќи се дека останатите модели имаат доволно адути да ги задржат купувачите на својата страна. Пред сé DS7 Crossback, на кој во блиска иднина ќе му се придружи и DS3 Crossback. Французите уште планираат и голема лимузина најверојатно со ознака DS8, која би се борела со моделите како Audi A6 и BMW серија 5.

Лани DS произведе 52.860 возила, што е за 60% помалку од пред пет години.

DS4

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER