DS Automobiles – 100% електричен

Поглед во иднината

Само струја!

За три години DS нема да има модел со термички мотор

објавено 02. септември 2021

Дека DS Automobiles силно се бори да се етаблира како премиум бренд на групацијата Stellantis покажува и донесената стратешка одлука. Авангардната марка ќе стане потполно електрична заклучно со 2024 година. Тоа значи дека сите сегашни и идни модели ќе бидат на батерии. Ваквата стратегија се полага врз првиот проект на групацијата за потполна електрична платформа од среден ранг. Во својата флота DS има електрични возила веќе две години предводени од 100% електричниот DS 3 CROSSBACK E-TENSE, потоа приклучните хибриди DS 4 E-TENSE, DS 7 CROSSBACK E-TENSE и DS 9 E-TENSE со распон на силата од 225 до 360 коњи. Како марка DЅ минатата година беше водечки зелен бренд со мулти енергетска платформа остварувајќи просек на сите модели од 83,1 г/км благодарение на електрифицираната понуда која сочинуваше 30 % од вкупната бројка произведени возила. Од 2024, DS Automobiles ќе ја засили понудата со е-DS4 кој ќе понесе 104 kWh батерија доволна да се поминат 700 километри. Дали ќе се реализираат пректираните цели останува да се почека и да се види дали DЅ ќе го предводи Stellantis низ електричната бура.