Другари и другарки, ова е новата Lada Niva!

Конечно, Русите ја покажаа втората генерација на Lada Niva
Објавено на 30 август 2018 година

Или можеби ќе биде поисправно да кажеме дами и господа, бидејќи многу нешта се сменија откако Lada Niva зачекори на овој свет. За потсетување, тоа беше далечната 1977 година, кога социјализмот цврсто владееше и кога постоеше голем дефицит за едно вакво возило. Во меѓувреме падна берлинскиот ѕид, Советскиот Сојуз се растури, но Lada Niva опстана таква каква што беше, со една мала разлика – веќе не се вика Niva туку едноставно Lada 4×4 бидејќи името Niva своевремено премина во сопственост на заедничката компанија на AvtoVaz и General Motors, која уште го произведува нејзиниот несуден наследник под ознаката Chevrolet Niva. Заради сето ова и концептот на новата Niva што беше претставен во Москва го има името 4×4 Vision.

Веќе на прв поглед се гледа дека Lada подготви атрактивен теренец со успешна имплементација на актуелното X-дизајнерско изразување. Но истовремено можат да се забележат понекои ретро детали кои (треба да) потсетуваат на нејзиното потекло. Така, над предните фарови се поставени ЛЕД дневни светла кои (повторно, треба да) асоцираат на актуелниот модел, како и отворите за воздух на задниот столб. Откако погледот ќе се смири од нападот на агресивноста на линиите на каросеријата, ќе се забележи дека концептот има пет врати, при што задните рачки се сокриени. Стаклениот покрив и огромните 21-инчни тркала најверојатно ќе се загубат некаде на патот до сериското производство, кое се очекува да стартува веќе наредната година. Се подготвува и нов мотор (се споменува 1,8 литарски бензинец со некои 120 KS), а ќе добие и потполно нов менувач. Погонот на сите тркала, секако, ќе биде сериски.

Должината на новата Lada 4×4 ќе биде околу 4,2 метри, што е за скоро половина метар повеќе од сегашниот модел. Ширината изнесува 1,8 метри, а растојанието од подлогата нема да биде помало од 21 сантиметар. Поголемите димензии ќе значат и попространа внатрешност и поголем багажник, за што сегашниот модел трпи најголеми критики. А тој, како стојат работите, ќе опстане во производство барем до 2021 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER