Италијанската влада ги остварува заканите

Dongfeng со фабрика во Италија

Италијанската влада започна да ги остварува заканите во земјата да донесе кинески производители на автомобили. Според информациите кои неофицијално кружат преговорите со Dongfeng веќе се во поодмината фаза во која се одредува структурата на инвестициите – вестите велат дека се разгледува дали и владата да се придружи како партнер со помал сопственички удел што ќе даде сериозна поддршка на проектот. Истовремено се анимираат и компаниите кои произведуваат делови и компоненти да учествуваат во инвестициите, од што директна корист ќе има локалното производство. Сето ова кажува дека италијанската влада цврсто е решена да го зголеми производството на автомобили во земјата кое децении наназад континуирано се сели во странство, заради што во последно време многу критики се упатени кон Stellantis.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER