Електрификацијата неумоливо се шири на сите модели па дури и на „мускулозните“ американски возила.
Тие беа познати по нивниот напумпан изглед, силата и сонорните звуци што ги произведува моторот. Ова последното најмногу се губи со тивките електро-мотори, но Dodge не е подготвен да се откаже од грмењето кај своите SRT деривати. Тоа го потврди со концепто Charger Daytona SRT со кого се демонстрира дека овие специфични својства не мора да се изгубат дури и со можно префрлување на електромобилност. Силниот татнеж се шири наоколу со систем поставен на задниот дел, кој ја „вознемирува“ околината со звук до 126 децибели што е рамно на најмоќната серија SRT Hellcat. Вештачкиот звук е наречен „Темна материја“.
Dodge Charger Daytona SRT Concept исто така треба да биде побрз од изведбите Hellcat и замислен е да ја пренесува својата моќ на сите четири тркала преку менувач со повеќе степени. Има и функција која со притискање на копче кое мобилизира дополнителна сила при претекнување, а Dodge ја нарекува функцијата „Powershot Push-to-Pass“. Внатрешноста се одликува со голем head-up дисплеј и виолетово амбиентално осветлување. Задните седишта се достапни преку големата врата и истите може да се преклопат. Не е штедено ниту на композитните материјали од јаглеродни влакна во кабината, која изгледа мрачна и покрај панорамскиот покрив и е крунисана со менувач на брзини во форма на рачка за пиштол.
Извршниот директор на Dodge, Тим Кунискис, тврди дека Charger Daytona SRT Concept ги носи перформансите на е-мобилноста на ново ниво. Новите брутални регулативи ги убиваат големите мотори, особено славните V8 кои се основа за сите американски „набилдани“ модели. Затоа сите ќе мора да се трансформираат внимателно, за да се задржат атрибутите градени со децении..