Увозникот за KIA гордо претстави два новитети на нашиот пазар

Премиум Бендс во топлиот амбиент на изложбениот салон за возилата на KIA приреди несекојдневно изненадување лансирајќи два нови модели наменети за нашиот пазар. Најпродаваниот модел на KIA доби нов изглед со кого станува уште поатрактивен. Sportage, кој досега се има продадено во повеќе од седум милиони примероци низ целиот свет го започнува својот поход.

Понудени се изведбите со 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец кој е спарен шест степен мануелен или седум степен DCT автоматски менувач со двојна спојка, кој испорачува 150 коњски сили. Верзијата со самонапојувачкиот хибрид испорачува 239 коњски сили, додека приклучен хибрид ќе пристигне идната година.

Кај хибридните погони ќе може да се добие и погон на сите тркала. Задолжителните ревизии на дизајнот за фејслифтот вклучуваат браници со дополнителни 2,5 сантиметри преден преклоп и редизајнирани дневни светла.

Внатрешноста има двокрак волан, редизајнирани отвори за воздух беспрекорно интегрирани во контролната табла и нов тапацир на седиштата. Ажурираниот Sportage стандардно доаѓа со новиот навигациски и информативен систем „Connected Car Navigation Cockpit“.

Системот за забава во автомобилот вклучува, меѓу другото, асистенти со вештачка интелигенција кои ја подобруваат традиционалната гласовна контрола, како и пристап до дополнителни апликации, некои со платена содржина.

KIA забрзано работи на својата линија електрични возила. Вистинско изненадување беше откривањето на атрактивниот EV3 кој од својата европска премиера одржана пред неполни четири месеци, бргу се етаблира на глобалниот пазар.

Премиум Бендс кај нас веќе ги донесе EV6 и EV9, но очекува компактниот EV3 да биде повеќе од адекватен за нашиот пазар поради опциите на две големини на батериите и умерената цена. Геометрискиот и робустен надворешен дизајн на EV3 го истакнува неговиот динамичен стил.

Изгледот на EV3 ги следи принципите на познатата дизајнерска филозофија на KIA „Opposites United“ (спротивностите обединуваат), која е основата за континуитет во опсегот на модели на марката и во исто време дозволува секое возило да има специфичен карактер. Целта на KIA со EV3 е да го унапреди глобалното ширење на електричната мобилност.

Сепак, наша препорака е да направите прошетка до изложбениот салон на KIA. Покрај убавиот амбиент, таму лично ќе се уверите во привлечноста на новиот Sportage и EV3.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER