Марката која делува под капата на BYD претстави спортски модел кој најточно би бил опишан како електричен конкурент на Porsche 911.
Ефектниот изглед на кој очигледно дизајнерите доста промислено и детално работеле е дефиниран со предниот дел кој потсетува на модерните модели на Lotus и ниската силуета украсена со импозантно задно крило.
Со внатрешноста владеат изобилство карбонски елементи и три екрани кои остануваат во сенка пред фактот дека управувачот инспириран од тркачките автомобили може да се сокрие под инструмент таблата бидејќи автомобилот има автономни способности.
Тоа е овозможено со drive-by-wire технологијата без механичка врска која е присутна и кај системот за сопирање. Кажано е и дека ослонувањето е активно, со спортска конструкција со двојни попречени рамења и амортизери со масло со магнетски својства што овозможува секои 10 милисекунди да се прилагодуваат на условите на патот.
Двата електромотора своите коњски сили чиј точен број не е познат ги испраќаат на сите четири тркала, а цената во Кина се очекува да изнесува околу 40.000 долари. сериозни работни можности и избалансиран сооднос на перформансите и ефикасноста. Погонот е на сите четири тркала а способностите на терен ги подобруваат електромеханичкото блокирање на задниот диференцијал и четирите режими на возење. Освен во Кина, каде и кога на друго место ќе се стартува со продажба, Кинезите не кажаа, само навестија дека ќе биде глобален модел.


