Dacia – Spring

насловна Новитети

Нова Романска револуција?

Електричен автомобил со пет врати поевтин од 11.000 евра!

објавено 22. март 2021

Новиот производ од Питешти може да предизвика лавина од нарачки. Секако, доколку марката има капацитет да ги задоволи. Електрификацијата на Dacia започна со Spring, модел само 3,73 метри долг со теренски изглед и скромна сила. Неговите четири седишта имаат 10 сантиметри повеќе простор отколку во Renault Twingo Electric и најавена автономија од 230 километри со едно полнење на батеријата.

Во градски циклус на возење опсегот се зголемува на 300 километри. Капацитетот на батеријата е 27,4 kW/h. На приоритетните пазари ќе се форсира изведбата Comfort Plus која во Германија ќе чини 21.790 евра или 12.220 евра откако државата ќе рефундира субвенции во висина од 9.000 евра! Верзијата нуди, меѓу другото, седум инчен навигациски систем со екран осетлив на допир, смартфон врска, паркинг сензори со камера и металик боја. Во ентериерот и екстериерот има и акценти на дизајнот во портокалова боја. Основната верзија е уште поевтина и таа со субвенции достига 10.990 евра. Дури и пред официјалното лансирање на пазарот закажано наесен, во следниот период клиентите ќе може да закажат тест возење. Основната боја е бела додека металикот се доплаќа. Моторот на Dacia Spring има моќност од 44 КС и достига максимални 125 км/ч.