Новиот модел треба да пристигне на пазарот во втората половина на 2026 и ќе чини помалку од 18.000 евра

Првиот човек на групацијата Renault, Лука де Мео, најави дека во рекорден рок од само 16 месеци, на пазарот ќе биде лансирано ново мало ЕВ под брендот Dacia кое ќе биде технолошки близнак на претстојното Renault Twingo.

Dacia Spring

Би требало да има цена под 18.000 евра и ќе биде замена на досегашниот модел Spring кој се произведува во Кина. Новиот модел сé уште нема име и ќе се произведува во Ново Место, Словенија, заедно со Renault Twingo. Целта на новиот модел на Dacia е да се спротивстави на евтините кинески мини ЕВ како Leapmotor T03, чија цена е 15.500 евра, а во април ќе стартува продажбата на BYD Seagull, но со друго име, кој во Кина се продава за околу 9.000 евра, а во Европа цената е најавена дека ќе биде „многу под“ 20.000 евра.

Renault Twingo 2026

Де Мео изјави дека електричниот мини автомобил на Dacia произведен во Европа е од клучно значење за пристап до финансиските стимулации во земји како Франција. Новото мини ЕВ на  Dacia делува дека дели многу нешта со новото Twingo, а ќе има повертикална задна врата за да се зголеми разновидноста и просторот за товар. Развојот ќе се одвива, исто како и на новото Twingo, во центарот за развој Ampere Advanced China во Шангај.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER