Dacia Hipster (видео, фото-галерија)

Не е за секого…

Во речниците терминот хипстер е опишан како „млад маж кој припаѓа на урбана субкултура со необична, застарена облека и екстравагантен, индивидуалистички начин на живот“. Dacia ја преведе оваа дефиниција во електрично градско возило. Концептот Hipster претставува алтернатива на скапите електрични возила и според менаџментот на брендот има за цел да им даде на што е можно повеќе луѓе пристап до основна мобилност.

Креативниот тим на брендот усвои сосема нов пристап кон дизајнот создавајќи електрично возило кое е долго три метри и тежи само 425 килограми, без батеријата. Ова го прави концептот Hipster за 20 проценти полесен од Spring од кој досега се продадени вкупно 180.000 примероци. На прв поглед дизајнот на концепт автомобилот е модерна верзија на јапонските Кеи автомобили и тоа не е случајност. Краткиот Hipster Concept – потенцијален конкурент на Opel Rocks, Fiat Topolino и Citroën Ami, но изненадувачки е простран, нудејќи доволно простор за четири возрасни лица.

Dacia ветува опсег од 150 до 200 километри ако стигне до сериско производство што може да се случи брзо. Багажникот може да се прошири од 70 литри на 500 литри, така што, на пример, машина за перење може да се транспортира во задниот дел. Задната врата се протега по целата ширина од 1,55 метри. Едноставните седишта се изненадувачки удобни, а наместо традиционалните рачки на вратите се користат ремени за пристап до ентериерот. Не е прашање дали туку кога Dacia ќе почне да го произведува серискиот модел врз база на концептот Hipster, можеби и во Словенија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER