Dacia – Обновени трите мускетари

Новитети

Има надеж за обичниот човек

Засилениот дизајн и проверената техника ставаат апостроф на вредностите на марката

објавено 09 септември 2020

Крајот на месецов е резервиран за тројна промоција закажана од Dacia.  На програмата се потполно новите Sandero, Sandero Stepway и темлно освежениот Logan. Најавено е дека ниската цена ќе биде заджана а во компактните надворешни димензии ќе биде понудени модерен изглед, опременост и употребливост без да се нарушат основите на едноставноста и доверливоста. Dacia посвети многу време да ги разбере барањата на своите купувачи. Од пропадната источно Европска марка по превземањето од Renault почетоците беа скромни. Се нудеше само еден модел а нему во изминатите години му се придружи цела флота наменета за разни намени. Филозофијата која ја негува Dacia е наречена ”акт на изолација” кој овозможува приод на долг период. Зошто да се китат производите кога купувачите бараат подобри производи со најдобра цена? Најдобро продаван модел од Питешти е Sandero кој стана најдобро продаван автомобил во Европа за Индивидуални купувачи. Затоа дизајнот му е засилен нагласувајќи го неговиот силен карактер. Истото се случи и со крос-оверот Sandero Stepway кому сем дизајнерските атрибути додадено е зголемено растојание од тлото. Комплетно е редизајнирана силуетата на Logan која сега е флуидна и динамична со благо намалување на стаклените површини. Трите модели ќе ги краси новите предни светла во ”Y” форма.  Повеќе детали ќе се знаат на 29 септември кога е закажана нивната промоција а повеќе од извесно е дека експресно ќе стигнат на пазарите во земјите на бивша Југославија, Балтичките држави но и во одредени пазари на ЕУ како Шпанија, Чешка, Словачка, Бугарија, Полска и Романија како и Мароко, Нова Каледонија, Тахити…