Dacia – Манифест за иднината

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Дали Dacia од рационална ќе стане кул марка?

Посветеноста на традиционалниот погон останува, но производите што ќе ги лансира на пазарот ќе бидат не само пристапни туку и атрактивни.

Кога Dacia се приклучи на групата Renault пред 18 години, постоеше јасна дистанца помеѓу двете марки. На саемите за автомобили, кои во тоа време сè уште блескаа, имаше длабок јаз меѓу штандовите, а комуникацијата на романскиот огранок беше ограничена на она што беше апсолутно неопходно. Тогаш, мисијата на Dacia беше да биде евтина, едноставна и сè само не привлечна. Тоа радикално се промени во последните години.

Dacia сега е една од четирите марки во империјата на Renault и одамна се претвори во успешна прикаска. Во квартетот, Dacia ја презема улогата на „водечки производител на пристапна мобилност што се фокусира на најважното”, објаснува шефот на брендот Денис Ле Вот. „Во изминатите 18 години продадовме 7,5 милиони автомобили и сме на третото место во Европа меѓу приватните клиенти. За да се осигури дека брендот останува алтернатива за рационалните клиенти, фокусот останува на моторите со внатрешно согорување.“ Единствено електрично возило е Spring, додека останатите модели немаат датум за преминување на е-мобилност. На крајот на краиштата, според волјата на Европската унија, крајот на класичните мотори нема да дојде до 2035 година, а до тогаш Dacia ќе има конвенционален погон.

Како алтернатива, компанијата нуди модели со ТНГ. Концентрирањето на најважното и без „излишна“ технологија и светкави додатоци има ефект. Студијата Manifesto презентирана во Париз сега нуди поглед на иднината, мешавина од кабриолет и теренско возило кое, никогаш нема да излезе од производните линии во оваа форма. Концентрирајќи се на најважното, креативците повторно дојдоа во преден план користејќи рециклирани и природни материјали и во студијата понудија практични решенија. Тоа се истакнува со светлата каде наместо два фара има еден централен кој може да се извади и да служи како фенерче. Manifestо е целосно вмрежен, но само ако вашиот паметен телефон е поврзан со вградениот компјутер, избегнувајќи ги екраните. „Кому му требаат три екрани кога е доволен паметен телефон со GPS функција?“ прашува Де Вот. Manifestо, вели директорот за дизајн Дејвид Дуранд, „комбинира широк спектар на иновации, некои се екстремни.“

Ако студијата сè уште е поглед во иднината, Bigster ќе биде на пазарот за две години. По Jogger, масивното возило со погон на четири тркала е вториот модел на Dacia во сегментот C и, како што Де Вот гледа кон иднината, треба да го однесе брендот на следното ниво. Bigster е долг 4,60 метри, ја користи новата платформа CMFB, која веќе беше претставена со Sandero 3, и е речиси десет сантиметри подолг од VW Tiguan. Новиот изглед на брендот се рефлектира и во ревидираното лого и дизајнот на предниот дел на моделите. Паралелно со новото лого, дилерските центри ќе ги пречекуваат клиентите во ново дизајнираните простории. Ваквите решенија и стратегија јасно покажуваат дека романскиот дел од групацијата Renault има јасна визија за својата иднина во која, полека но сигурно, станува не само рационална туку и посакувана.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER