Третиот електричен модел во најава
Cupra првично се постави како спортски и емотивен рафинат на ЅЕАТ. Сега на тие атрибути се додава – електричен!
Cupra засилено гази напред – кратко после Tavascan го дефинира и својот трет електричен модел. Произлезен е од концептот UrbanRebel и ќе го носи името Raval, а на пазарот се очекува во 2025-тата година.
Значајно за марката е што тој ќе се произведува во Шпанија, заедно со другите модели од групацијата познати по очекуваната цена од 25.000 евра. Raval секако ќе биде поскап од тоа бидејќи ќе го покрива повисокиот дел од сегментот нудејќи им на купувачите повеќе емоции.
За овие модели се развива посебна верзија на MEB платформата која ќе овозможи постигнување на наведената цена со минимални технички отстапувања од сегашната. Должината ќе изнесува нешто над четири а меѓуоскиното растојание 2,6 метри.
Електричниот импулс ќе го дава електромотор кој на предните тркала ќе испраќа 226 коњски сили. Капацитетот на батериите не е познат но се очекува да обезбедат автономија од 440 километри.


