Cupra :: Нешто специјално

Нешто специјално

Ateca, Ibiza, Arona, Cupra TCR и Leon Cupra R ST – тоа се членовите на новото Cupra семејство на Seat
Објавено на 22 февруари 2018 година

Амбициозните планови на Seat за одвојување на Cupra како засебен бренд започнаа да се остваруваат – Шпанците во пресрет на салонот на автомобилите во Женева го претставија новото спортско семејство. Со идеја за репозиционирање кон повисоки пазарни води, петте негови членови ги краси заедничкиот спортски настап и максимум извлечените перформанси. Заедно со агресивните дизајнерски детали, тие добија своја душа и посебен идентитет. Дизајнерите и инженерите на шпанскиот производител ќе имаа поголема слобода при креирањето на Cupra моделите, прилика што тие ја искористија.

Cupra Ateca Доказ за тоа е првиот сериски модел кој има чест да го носи новото лого, Cupra Ateca. Нејзиниот дволитарски TSi мотор со 300 KS и овозможува максимални 245 km/h и забрзување до 100 km/h за 5,4 секунди. Во Cupra пакетот се и 4Drive системот за погон на сите четири тркала од 19 инчи, аеродинамичниот боди кит, спортскиот издувен систем со четири цевки, адаптивно ослонување… Дел од опремата ги прескокнува дивите и завлегува во комфорните води – keyless entry и старт системот, безжичниот полнач за телефони, камерата од 360 степени, 8-инчниот екран чувствителен на допир, дигиталниот кокпит…

Покрај Leon кого веќе го познаваме, на Ateca во блиска иднина во Cupra семејството ќе и се придружат Ibiza, Arona и тркачкиот TCR.

Cupra Ibiza

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER