CUPRA Ateca – по само 18 месеци редизајн

Новитети

Освежувања за првенецот

Следејќи ја корпоративната стратегија CUPRA Ateca експресно е редизајнирана

објавено на 28.07.2020

Кога се најави новиот бренд посветен на перформансите спортско-корисното возило Ateca беше одбрана да биде првенец. Земајќи во предвид дека ЅЕАТ Ateca се појави на пазарот пред повеќе од три години логично е да настапи редовно освежување на изгледот и ревизија на опременоста. Тука лежи причинита зошто нејзината CUPRА влегува толку бргу во освежување на својата верзија. Иако кратко време присутна на пазарот CUPRA Ateca се наметна по неколку специфичности и тоа првенствено по своите перформанси атипични надвор од премиум сегментот и поради мешавината на практичност, погодност за секојдневна употреба и нагласениот спортски имиџ. Со досега продадените  15.000 примероци од преставувањето кон крајот на 2018 најмногу се забележливи во Германија, Франција и Швајцарија, пазари каде лесно се препознаваат перформансите.

Покрај забележителните LED светла кои ја дефинираат агресивната предница направени се дотерувања на задниот дел. Надворешноста може да се конфигурира по вкусот на купувачите преку долг список на дополнителна опрема како што се повеѓе дизајни и димензии на тркала кои почнуваат од 19 инчи,  Brembo сопирачки или Акрапович издувен систем. Во внатрешноста нагласениот спортски дизајн зачинет е со функционалност и технологија правејќи ја кабината место во кое престојот не е само удобен туку и забавен. Низа нови додатоци и подобрувања несомнено ќе ја зголемат привлечноста, давајќи им на клиентите можност да имаат  возило што нуди практичност на спортско-корисно возило со возливост и ракување на традиционален потентен автомобил. На тоа асоцираат предните школкести седишта, дигиталната инструмент табла и спортскиот волан со прогресивно управување како и копчето на кого е испишано CUPRA преку кого се влегува во различни модуси на возење и тоа Normal, Sport, CUPRA и индивидуален.   Главните измени се наоѓаат скриени од погледите, во каросеријата.

Вреден за истакнување е DCC (Dynamic Chassis Control) направен да пружи максимални перформанси и припојување на подлогата во секакви сценарија на возење, но и му дава можност на возачот да го адаптира системот на своите потреби и стилови на возење. Моќноста се испорачува од дволитрениот TSI кој испорачува 300 коњи и одлични 400 Nm, комбинација доволна да ја погони каросеријата од мирување до 100 км/ч за 4,9 секунди и да достигне 247 км/ч крајна брзина. Поврзан со седум степениот DSG, погонот на сите тркала 4Drive и веќе споменатиот DCC систем CUPRA Ateca ја потхранува својата двојна персоналност. Експлозивно и динамично возило со, ако тоа возачот го бара, меко и удобно патување. CUPRA Ateca е дизајнирана и развиена во Марторел, но ќе се произведува во Квасини во Чешка а на пазарот ќе дебитира во септември со уште поамбициозни планови за продажба.