Cupra Ateca :: Дојде и тој момент

Дојде и тој момент

Шпанската автомобилска индустрија е побогата за уште една марка
Објавено на 17 декември 2018 година

Произлезена како спортска дивизија на Seat, првиот модел на Cupra стигна на европските улици по цена која надминува 45 илјади евра. Го има истото име како и својот донатор, но од него доста се разликува. Шпанците се имаат потрудено овој кросовер да не се доживува само како помоќна спортска верзија на Ateca. Разликите започнуваат со дволитарскиот турбо мотор со 300 коњски сили и 400 њутн-метри. Тие преку 7-степен DSG менувач се пренесуваат на сите тркала, што во пракса значи забрзување до сто на час за 5,2 секунди. Се постигнуваат со помош на Launch Control системот, додека максималната брзина е 247 километри на час. За справување со вакви перформанси се грижи адаптивното ослонување, за кое возачот може да одбере меѓу шест режими на работа.

Погледот на Cupra Ateca на секое ќоше открива агресивни дизајнерски детали. Спортскиот карактер го посочуваат маската, браникот и тркалата, но најмногу задниот дифузор и четирикратната издувна артилерија. Во внатрешноста тоа го прават седиштата со алкантара во црна боја со бакарни шевови, карбонските инсерти и алуминиумските педали. Инструмент-таблата е дигитална, а на средината се наоѓа уште еден екран од инфо-забавниот систем. Навигацијата, камерите за приказ на возилото од 360 степени и безжичниот полнач за телефон се сериска опрема.

Ateca е прв модел во понудата на Cupra, а ќе следат и Leon, Ibiza и Arona. Вистинското ќе дојде при крајот на идната година, кога ќе се појави еден потполно нов модел. Иако за него Шпанците не зборуваат многу, сепак главниот дизајнер на Seat Алехандро Месонеро-Томанос најави дека тој ќе биде 100 отсто Cupra. Но не сакаше да каже дали се работи за купе верзија на Ateca која ќе се вика Terramar, име што неодамна беше заштитено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER