Continental SportContact 6 најдобар на тестовите
Германското списание SportAuto го рангираше Continental SportContact 6 како единствен со оценката „високо препорачлив“
Објавено на 20 март 2019 година
Најкратките растојанија за сопирање, спортскиот и директен одговор при управувањето и високата динамичка стабилност се оценките со кои Continental SportContact 6 се пласираше на врвот во тестот на летните пневматици на списанието SportAuto. Овој спортски пневматик на производителот од Хановер го предводеше тестирањето со значителна разлика пред останатите и стана единствен од деветте пневматици рангиран како „високо препорачлив“. Заслужни за постигнување на ваквиот резултат беа избалансираните спортски карактеристики на влажни и суви површини бидејќи пневматикот на Continental ги освои најдобрите резултати од сите на тестирањата во овие два сегмента. Својата оценка тест-екипата од SportAuto ја образложи со зборовите: „Најкратки растојанија за сопирање и безбедно подуправлив на влажно, спортски, директен одговор при управувањето и висока динамичка стабилност на суво, кристално јасни повратни информации, извонредна стабилност и недвосмислени реакции на возилото“. Во тестот беа вклучени пневматици со димензии 245/30 R 20 Y од европски, американски и азиски производители, а тест возило беше Honda Civic Type R. Покрај највисоката оценка на SportContact 6, на еден од тестираните пневматици му беше доделена оценката „препорачлив“, а сите други беа оценети како „умерено препорачливи“.
Со SportContact 6, во своето портфолио Continental има супер спортски пневматик за сегментот со ултрависоки перформанси кој демонстрира значителни подобрувања во однос на својот претходник, првенствено во поглед на стабилноста, прецизниот одговор при управувањето и способностите при големи брзини. За да ги постигнат супериорните перформанси на овој пневматик, инженерите за развој на Continental го преформулираа хемискиот состав на газечкиот слој, ја редизајнираа шарата и ја преработија конструкцијата на самиот пневматик. Continental SportContact 6 е достапен во скоро 90 димензии за тркала од 18 до 24 инчни, со ширина од 225 до 335 милиметри и профил висок меѓу 50 и 25 проценти. Наменет е за брзини до 350 km/h и фабрички се вградува на бројни модели од производителите на спортски и суперспортски автомобили.