Continental AmbienC3

Новитети

Еден сосема поинаков концепт

Меѓу сите оние концепти за идната година или деценија, во Минхен се протна еден од минатиот век

Објавено на 8 септември 2021 година

Салоните на автомобилите не би биле она што се без бројните експонати кои на необичен начин го привлекуваат вниманието на публиката. Ниту Минхен не беше исклучок и покрај очигледната анемичност заради отсуството на добар број големи светски производители на возила. За тоа, меѓу другите, се погрижи и Continental кој подготви концепт на основа на класичниот Volkswagen T2 транспортер.

Однадвор таков каков што го знаеме, одвнатре овој легендарен комби има целосно поинаков изглед. Наречен AmbienC3, тој претставува студија за користење на напредни материјали за внатрешноста на возилата. Фокусот пред сé е на рециклираните и синтетички материјали кои ги има развиено Continental и кои имаат прилично интересни својства. Така некои се способни да создаваат топлина, други се отпорни на гребаници а трети пак имаат некои својства на самоодржливост. Корисна е и синтетичката кожа која пропушта воздух и водена пареа, мека е на допир и се прилагодува на температура. За возачкото седиште е користен материјал кој исклучиво е отпорен на валкање и дамки. Во AmbienC3 се среќаваат и други нешта, но не и сигурносни појаси – дали тоа Continental сака дискретно да ни порача дека има решение како во иднина да ги спречи сообраќајни несреќи?