Лоран Дио, од позицијата шеф на маркетинг и комуникации во Abarth, поставен e за директор на проширениот европски регион
Дека Citroen има големи амбиции во Источна Европа, балканските држави и Евроазија покажува последниот потег во екипирањето на менџментот. За наведените региони поставен е Лоран Дио кој оперативно ќе му помага на новиот извршен директор на Citroen, Тиери Коскас. Неговата непосредна задача ќе биде да го врати пазарниот удел во Европа. Воедно Коскас е шеф на продажба и маркетинг на групацијата Stellantis, а оваа пролет беше именуван за извршен директор на Citroen, на местото на Винсент Коби. Неговата цел е зголемување на пазарниот удел на пет проценти до крајот на годинава. Сегашниот удел на Citroen е 4,3 отсто по падот на продажбата минатата година, што директорите во голема мера го припишуваат на логистички проблеми. Дио има големо искуство здобиено на разни меѓународни менаџерски позиции во Renault, а се придружи на Стелантис во октомври 2021 година.


