Електриката ги освојува рекреативните возила. На специфичен начин, како му доликува на „двојниот шеврон“, направен е романтичен склоп на минатото и иднината
Спојувајќи ги минатото и сегашноста но и практичното со привлечното, Citroen на модерните кампери им понуди ретро доживување во облик на електричниот Type Holidays.
На комбинацијата на изгледот на иконскиот Type H со современата механика на SpaceTourer експертите на марката ѝ додадоа низа карактеристики и ентериер уреден инспириран од идејата за слободата во движење.
За партнер во тоа е избран италијанскиот каросерист Caselani, кој веќе се има докажано со слични преработки. Така љубителите на природата ќе можат да уживаат во удобноста и пространоста на овој кампер кои ја обезбедуваат двете лизгачки врати и покривот на извлекување.
Практичноста е нагласена со прозорецот на вратата од багажникот кој се отвора независно, клупата во два реда која може да формира удобен кревет за две лица и предните седишта кои се свртуваат кон задниот дел на возилото.
Опремата која е по потекло од Словенија вклучува уште и комплетна кујна, преклоплива маса за јадење или работа, независен систем за греење и ладење кој обезбедува оптимална температура во секое доба и друго.