Citroën C5 Aircross – Добива 48 волти

Вградувањето на благи хибриди кај Citroën започнува од најголемиот кросовер

Во групацијата Stellantis електрификацијата се шири како шумски пожар. Во текот на летните месеци на улиците ќе излезе C5 Aircross со нов погон. Неговата ознака е Hybrid 136 ë-DCS6.

Тој го комбинира неодамна засилениот 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, што сега произведува 136 КС, со хибридна технологија од 48 волти и електричен мотор од 21 kW. Оваа верзија сега користи  шестстепен менувач со двојна спојка наместо досегашниот автоматик со осум брзини.

Стандардната потрошувачка според WLTP е од 6,5 до 6,7 литри на 100 километри. Наголемиот бенефит е наменет за екологијата. Сега емисиите на CO2 се до 15 проценти пониски во однос на варијантите само со бензински и дизел мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER