С4 со престој во Автонова
Враќањето на хечбекот
објавено 18. декември 2020
Новата генерација на С4 во мода ги враќа старите вредности во игра. Предизвикувачкиот дизајн, модерните технологии на асистенција на возачот, конективноста и трите избори на моторизација се адутите на кои игра марката. Нашата прва средба беше денеска, по која може да ги потврдиме просторноста на кабината, ергономијата и магнетизмот со кого зрачи С4. Увозникот се уште нема цена и датум на официјално лансирање, но тоа ќе се случи наскоро по што заинтересираните ќе можат одблиску да се запознаат со овој убавец.


