Citroen нижи успеси во Европа

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Citroen нижи успеси во Европа

Citroen во првиот квартал од годинава постигна исклучителен успех во Европа

објавено на 24 април 2019 година

Од 12-те најголеми автомобилски марки на европскиот пазар според регистрираните патнички и лесни комерцијални возила, Citroen забележа најголем раст. Францускиот производител кај патничките возила дури е и единствен на топ-12 листата кој воопшто забележа пораст, и тоа за 5,8% на пазар кој опадна за 3,2%. Во неколку земји Citroen забележа двоцифрен пораст во продажбата на патнички возила во првиот квартал, и тоа:

  • во Франција (најголемиот пазар на Citroen во Европа): + 10,3%
  • во Обединетото Кралство (четвртиот пазар по големина): + 16,8%
  • во Данска (седмиот пазар по големина): + 26,8%
  • во Португалија (осмиот пазар по големина): + 15,4%

Со ова Citroen прокнижи 0,3 поени во пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила споредено со првиот квартал од 2018 година. Во Франција пак тој се зголеми за 0,6 индексни поени, со што марката достигна 11,8% пазарно учество. Истите 0,6 поени се забележаа и во Шпанија  (третиот пазар по големина) каде марката достигна учество од 7,4%, како и во Италија која е втор пазар по големина, каде со порастот од 0,3 поени се достигнаа 5,3% пазарно учество. Овој резултат му овозможи на Citroen да добие повисоко место во рангирањето помеѓу марките, каде сега е 7-ми во споредба со 8-мото место во првиот квартал од 2018 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER