Citroen – Електричен мини автомобил за Индија базиран на C3

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Премиерата закажана за следниот месец

Иако базиран на новиот С3, од Citroen нема коментар дали новиот модел ќе се продава во Европа како ривал на Dacia Spring…

Citroen ќе лансира целосно електрична верзија на својот C3 следниот месец во Индија, но не е јасно дали ќе има негова европска верзија која, според цената, би можела да биде ривал на Dacia Spring. Новиот C3, хечбек со четири врати долг помалку од 4 метри, е првиот модел во палетата на паметни автомобили на Citroen, наменет за пазарите во развој. Ќе го следат уште два модели во следните две години. Извршниот директор на Citroen Винсент Кобе одби да коментира дали eC3 ќе биде хомологиран, продаван или произведуван во Европа. Тој рече дека во Индија eC3 прво ќе се продава на деловни клиенти или на флотни оператори поради недостаток на јавна инфраструктура за полнење. eC3 за Индија ќе биде произведуван заедно со бензинските верзии во фабриката на Stellantis во близина на Ченаи, која работи во заедничко вложување со CK Birla.

Според новинските извештаи во Индија, eC3 ќе има батерија од 30 киловат-часови од кинескиот SVolt, што би било малку повеќе од онаа на Dacia Spring (26,8 kWh) кој има домет од 234 км според WLTP. Во иднина моделите од палетата Smart Car ќе се произведуваат и во фабриката на Stellantis во Кенитра, Мароко, во која ќе се инвестира 300 милиони евра за двојно зголемување на капацитетот. Сегашниот Citroen C3 за Европа, кој беше лансиран во 2016 година, се поизведува во фабриката на Stellantis во Трнава, Словачка.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER