Chris Porritt – засилување за Rimac

Top News

Три децениската кариера Порит ја продолжува во Хрватска

Импресивното искуство ќе го лансира Rimac на повисоко ниво!

објавено на 24.07.2020

Римац Автомобили го назначи Крис Порит за главен технички директор на компанијата. За оние што  ги следат тековите на менаџерско ниво во автомобилската индустрија знаат дека зад неговото име стои долгогодишна кариера на раководни места меѓу кои се бројува директор на Астон Мартин, потпретседател за инженерство во Тесла и водечки во Групата за специјални проекти на „Епл“. Сега во малата, но перспективна храватска компанија за изработка на хипер електрични автомобили Крис Порит ја превзема улогата на главен директор за технологија. За време на своите 16 години во Астон Мартин, тој бил главен инженер за рачно изработено, ограничено производство One-77 хиперавтомобил и V12 Vantage Zagato. Во 2013 година, Крис се пресели во Калифорнија за да стане потпретседател за инженеринг во Тесла, а потоа и на Епл, каде што имаше важна улога во рамките на Групата за специјални проекти. Неговото комбинирано искуство за развој во Астон Мартин, инженерство на електрични возила во Тесла и неговиот ентузијазам кон автомобилите, го прават совршен додаток во тимот на Римац. Крис се придружува на Rimac од Епл. Крис ќе поднесе извештај директно до основачот и извршен директор, Мате Римац, со фокус на идните проекти Римац.

Во оваа пригода и двајцата не се штедеа на епитети и перспективни очекувања за нивната идна плодна соработка. Мате Римац дури изјави дека патешествието и развојот на неговата компанија ќе било многу поуспешно и за пократок рок ќе ги постигнел саканите цели доколку го имал Крис Порит порано. Од друга страна Порит изјави дека безрезервно ќе ги вклучи своето знаење и искуство кое со радост ќе го сподели во инженерскиот развој и водството на развојот на идните модели, но и усовршување на C Two кого го нарече феноменален. Оваа година се направија неопходните тестови за глобална хомологација на електричниот хиперавтомобил C Two а за идната година се очекува рачно да се произведат 150 примероци во новата фабрика лоцирана во Хрватска. Сите главни системи и компоненти за овој модел се развиени и произведени во рамките на компанијата. Rimac C_Two ќе постигнува забрзување од стоечка позиција до 100 км/ч за помалку од 2 (две) секунди и ќе достигнува максимална брзина од 258 км/ч. Покрај ова се зголемува бизнисот со Porsche кој го зголеми учеството во хрватската компанија достигнувајќи учество од 15,5% од акциите  и Hyundai Motor Group која инвестираше 80 милиони евра. Последниве достигнувања ја надополнија листата на досегашните партнери на Rimac вбројувајќи ги Koenigsegg, Automobili Pininfarina и Aston Martin.