General Motors го враќа Chevrolet Bolt
Надоврзувајќи се на формулата која и покрај проблемите со батериите што го имаше го направи неговиот претходник едно од најпопуларните електрични возила во Америка, General Motors го враќа Chevrolet Bolt. Но не на Ultium архитектурата како што како што вети кога во 2023-тата запре со производството на првата генерација, туку користејќи ја досегашната платформа. Унапредена со електромотор со 210 коњи и батерии кои се полнат на максимални 150 киловати доволни за 410 километри автономија, Bolt повторно треба да го зазеде своето место на пазарот. Во тоа секако ќе помогне и цената од 30 илјади долари која во блиска иднина со лансирање на попристапна негова верзија дополнително ќе биде намалена.
Обликот му е повеќе или помалку познат, а димензиите му се малку поголеми – меѓуоскиното растојание е нараснато за седум ипол сантиметри а должината за скоро двојно повеќе од тоа. Согласно времињата опременоста е подигната на значително повисоко ниво, посебно безбедносната и сега Bolt со помош на Super Cruise системот ќе може да се вози и без раце. Унапредениот ентериер ќе пружи поголема удобност а двонасочната врска на електричниот систем со мрежата, напојување со струја на надворешни уреди дури и цели домови.
Да потсетиме, заради опасност од пожар Chevrolet во 2021-ва година го запре производството на Bolt и ги замени батериите на сите 142 илјади дотогаш продадени примероци. Целата операција го чинеше 1,8 милијарди долари а производството беше во прекин повеќе од седум месеци. Новиот Bolt сега има осум години или 160 илјади километри гаранција на целото возило.