Chery – Отвора фабрика во Шпанија?

Кинескиот производител на возила и шпанската влада се во финална фаза со преговорите за отворање на фабрика во Барселона

Иако сé уште не е официјално потврдено, најверојатно Барселона ќе добие уште една автомобилска марка. Разговорите се однесуваат за превземањето на фабриката која Nissan ја затвори во 2021 година, и таа најверојатно ќе стане првата европска фабрика на Chery. Минатиот месец Chery водеше преговори со италијанската влада и останува во комуникација со неа, но, како што велат, добиваат многу малку повратни информации.

Поради тоа преговорите со Шпанија напредуваат. Добро запознаени во одвивањето на преговорите укажуваат дека многу извесно е договорот да биде формализиран многу брзо. Оптимизмот се зголеми откако шпанската делегација имала позитивни разговори со кинескиот производител минатата седмица. Најверојатно Chery ќе ангажира повеќе од 1.000 работници неопходни за одвивањето на производството.  Европската фабрика ќе испорачува возила со мотори на согорување, хибриди и на електричен погон.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER