CES 2021: Автомобилот знае повеќе од возачот

Првата премиера на CES

Автономно возење, вмрежување и лесна секој дневна употреба

објавено 11. јануари 2021

Со зголемувањето на учеството на електронски компоненти во возилата, саемот за компјутерска електроника (CES) станува поинтересен не само за добавувачите, туку и за производителите на возила. Пандемијата го направи своето, па за прв пат смотрата во ”градот на гревот” ќе се одржи виртуелно. BMW ќе настапи да ги најави своите достигнувања во сверата на олеснувањето на користењето на автомобилите. Замислена како виртуелен форум, премиерата на идната генерација на i-Drive BMW ја книжи во Лас Вегас. Нејзиното имплементирање во реална употреба е закажано со промоцијата на новата серија 7 кон крајот на годинава. Следната генерација на BMW iDrive е дизајнирана максимално да го искористи потенцијалот на интелигентно мрежно возило, со цел да го направи искуството за мобилност побезбедно, поудобно и повозбудливо. Системот е наменет да го премости јазот помеѓу аналогната и дигиталната технологија. Смената на парадигмата е неизбежна бидејќи дигиталната интелигенција продира во возилата. Благодарение на оптимизираните сензори, автомобилот самостојно може да ја согледа и анализира својата околина. Сè повеќе се доближуваме до одредени дефинирани области за возење и паркирање кои можат да се автоматизираат. Во голем број ситуации, возилото на тој начин има повисоко ниво на информации од возачот. На пример, може да прима и прикажува предупредувања за опасност и да предвидува достапност на места за паркирање на дестинацијата. Целата содржина на присуството на BMW на CES 2021 (–14.1.2021), како и другите дигитални презентации може да се видат во CES Special на онлајн платформата на http://www.bmw.com/ces.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER