CATL 5C – Батерија што ја менува играта

Нова литиум-јонска батерија може да го надживее животниот век на автомобилот!

Најголема грижа околу БЕВ е животниот век на батеријата. Досегашните возила се ограничени со многу кондиционали, а напредувањето на БЕВ е директно поврзано со инфраструктурата за полнење и трањето на батеријата.

Токму поради тоа цената на пазарот на употребувани возила драстично е ниска за моделите со батерии. Најголемиот светски производител на батерии за возила, кинескиот CATL, јаменува од корен прикаската. Компанијата тврди дека нивниот најнов 5C литиум-јонски пакет може да задржи 80 проценти од својот оригинален капацитет по 3.000 циклуси на целосно полнење кога е поврзан со брз полнач под идеални услови на атмосферска температура од 20 степени целзиусови.

Со генерална просечна потрошувачка на БЕВ пресметката укажува дека е тоа еквивалентно на извозени 1,8 милиони км. CATL тврди дека на атмосферска температура од 60 степени целзиусови, што го споредува со најтоплите летни периоди на планетата, батеријата сè уште држи 80 проценти капацитет по 1.400 циклуси полнење или еквивалентно на околу 840.000 км. Ознаката 5C се однесува на стапката на полнење на час.

Едноставно кажано, оваа батерија теоретски може да се наполни од празна состојба за околу 12 минути. Ултра брзото полнење како тоа нормално ја намалува долговечноста на батеријата, но CATL вели дека паметната хемија и термичкото управување ја држат деградацијата под контрола. Според компанијата, тајната состојка вклучува порамномерен катоден слој за намалување на структурните оштетувања, специјален додаток во електролитот што помага во поправка на мали пукнатини и слој што реагира на температурата на сепараторот што го забавува движењето на јоните ако работите почнат да стануваат премногу топли.

Системот за управување со батериите може да го насочи и ладењето кон специфични жаришта во пакетот. Тоа би можело да биде пресвртница за корисниците на возила со голема километража како што се такси, возачи за превоз и флоти за достава, каде што времето на застој навистина е пари. Секако, ова е сè теоретски.

CATL не кажа кога ќе започне масовното производство или кои автомобили ќе ги добијат овие пакети со долг век на траење. Сепак, ако дури и половина од овие тврдења се реални, идејата дека батеријата на електрично возило може да го надживее каросеријата и подвозјето на автомобилот веќе не звучи како научна фантастика.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER