Lotus Emira – Видео

Некогашните ривали ги здружија силите. Lotus направи маркантна каросерија со изразено спортски предизпозиции. Да ги поддржи побара помош од AMG кој го испорача својот четири цилиндерски турбо мотор од чии два литри испумпува 380 коњи.
Ferrari 296 GTS – ВИДЕО

Оваа пролет се покажа како променлива и студена, но тоа не ни ги расипува плановите за летото. Нив ги вжешти Ferrari со спајдер изведбата 296 GTS. Потпомогнат од плагин хибрид спринта до стотка за 2,9 секунди. Токму со помош на струјата 663-те коњи нараснуваат на 830 и го погонуваат до 330 км/ч!
Lexus RZ 450e – Видео

Lexus ја користи групната платформа за електрични модели, на која се базира и Toyota Bz4X и ќе се појави кај дилерите на почетокот на следната година. RZ е увертира за целосното електрично престројување на Lexus во Западна и Централна Европа, а пет години подоцна ширум планетата. За цената нема податоци, но секако ќе биде повисока […]
Test Dacia Jogger 1,0 TCe Extreme – ВИДЕО

Со својата просторност спакувана во сосема допадлива каросерија Jogger, како ново дојденец, се наметнува во сегментот на компактни многу наменски возила. Издигнатата каросерија накитена со пакетот Extreme му дава теренски печат, просторната каросерија е рационално скроена со нагласена нота на комодитет. Малиот трицилиндерски турбо бензинец не импресионира со динамиката, но дава лесно движење и сосема […]
НОВА ПРЕМИЕРА

Во автомобилскиот свет веќе нема табуа. Во судирот на концепти и практични решенија победуваат оние што најдобро поминуваат на пазарот. Со цел да се спои доброто со корисното се формираат коалиции помеѓу доскорашни ривали. На домашната сцена се случи доделувањето на наградите „Златно тркало“ за 2022 и го тестиравме новодојденецот Dacia Jogger. Од интернационалните збиднувања […]
Mercedes EQS SUV – Видео

Теренски изглед за електрична авенија Третиот модел заснован на новата модуларна архитектура за електрични возила од премиум класата, всушност е „надградба“ на луксузната електрична лимузина EQS. Наставката SUV јасно ја дефинира препознатливиот изглед комбинирајќи го прогресивниот дизајн и удобност на салонот со просторот и разновидноста на популарниот концепт на спортско-корисно возило.
Audi Urbansphere Concept – Видео

Во име на просторот и автономните технилогии Создаден по обратен редедослед што е вообичаен за автомобилската индустрија, Audi Urbansphere Concept е посветен на просторот и неговото исполнување во услови на автономно возење. Прво беше дизајнирана внатрешноста, а потоа и надворешноста на возилото.
BMW 7 & i7 – ВИДЕО

Знаменосецот повторно исправен Серијата 7 беше претставена во далечната 1977 година. Од тогаш овој модел постојано ги возбудува духовите и носи новини во светот на луксузните автомобили. Таква е седмата генерација која покрај, трендовската потполно електрична изведба i7, има верзии со бензински и дизел мотори потпомогнати со хибридна технологија.
Mazda6, Bella Ciao – Видео

Откажана во последен миг! Громогласните најави за новата генерација на лимузината Mazda 6 ја потресоа автомобилската јавност. Згора на тоа ветено беше ново подвозје, шест цилиндерски бензински и дизел мотори со високо ниво на ефикасност и штедливост. И кога веќе се очекуваше конкретен резултат почна да се шепоти за потполно гаснење на проектот.
Тест – Ford Kuga 1,5 EcoBoost ST Line
Ford Kuga е модел добро етаблиран во компактниот сегмент на спортско-корисните возила. Со последната едиција направени се неопходните визуелни освежувања кои се накитени со спортски обликуваниoт ST Line пакет на опременост. Со четири цилиндерскиот турбо бензинец, мануелниот шест степен пренос и изненадувачките возни својства Ford Kuga останува последниот следбеник на „старата школа“. Веројатно ќе остане […]