Светот на автомобилите неповратно се менува. Мирисот на бензинот ќе исчезне и ќе биде заменет со зуењето на електромоторите. Голем дел од традиционалистите се плашат дека тоа ќе однесе во заборав бројни автомобилски икони, како што на пример беше Fiat 131 кој своевремено освои три конструкторски и две возачки шампионски титули во рели.