Lamborghini Lanzador – Видео

Првиот електричен модел од Сант Агата Болоњезе треба да дојде дури за пет години. Сепак, Lamborghini го покажа како ќе изгледа Lanzador. Без никакви детали за техниката покажа дека Urus нема да биде единствениот кросовер на куќата.
Alfa Romeo 33 Stradale – Видео

Со симфонија од сензуални линии и моќни емоции, Alfa Romeo со гордост го објави повторното раѓање на иконата од 1960-тите – легендарниот 33 Stradale, од кој беа направени само 18 примероци. Сметан од многумина за еден од најубавите автомобил на сите времиња, тој ја отстапи својата душа на новиот спортски модел наречен Alfa 33 Stradale.
Toyota Land Cruiser 2024 – Видео

Еден од иконските модели на Toyota е Land Cruiser. Покрај тоа, ја ужива истата репутација и помеѓу теренците. Во две изданија и само дизел верзија за Европа, Јапонците остануваат доследни на својата прикаска.
FIAT 600e – Видео

Најавуван онака како само италијанците знаат пристигна најновиот модел од Торино. Беше и крајно време бидејќи FIAT долго време нема извадено новитет. 600е доаѓа во вистински момент и со себе го носи свежиот ветер на електрификацијата.
VW Tiguan 2024 – Видео

Ако зборуваме за успешни прикаски, VW Tiguan треба да се класифицира меѓу врвните. Од неговото претставување во 2007 година продадени се 7,6 милиони примероци, а само во последните две години забележани се еден милион нови регистрации. Воедно пет години во континуитет тоа е најпродаваниот модел во целата групација Volkswagen. За да продолжи на тој курс […]
Авто Магазин – Нова епизода

Во последните десет дена беше извонредно бурно на автомобилската сцена. И како да не биде, кога прстите ги замешаа политичарите. ЕУ наложи да се укине производството на возила со мотори на согорување до 2030, па потоа се пишмани и одлуката ја пролонгира за пет години подоцна. По принципот пу, пу, неважи се случи и одлуката […]
Видео – Lotus Emeya

Традиционално спортските марки кои имаат длабоки корени во цилиндрите се вртат кон електричниот погон. Emeya е вториот електричен модел на спортската марка Lotus, но сега, следејќи ја модата, е кросовер со 905 КС.
Renault IAA – Scenic E-Tech

Renault ја проширува својата „Ренолуција“ прeку новиот Scenic. Електрификацијата е во фокусот, но и имиџот. Легендата на електронската музика, Жан Мишел Жар, им даде звучен потпис на новите ЕВ на Renault.
Видео – Opel Experimental

Новиот концепт на Opel на нов начин Opel Experimental ги претставува трите главни карактеристики на марката која настојува да задржи што повеќе особености. Во идните модели правецот во кој ќе се движи дизајнот е акцентиран со аеродинамиката, користење поголеми стаклени површини и интериер во согласност со размислувањата за иднината кои преовладуваат во Руселсхајм.
Видео – Peugeot e3008

Поставен на новата платформа на Stellantis, е3008 ги доведува на повисоко ниво атрибутите на Peugeot. Поголемиот домет, атрактивниот дизајн и најмодерната технологија на групацијата ги свртуваат рефлекторите кон новиот кросовер.