Kimera Geneva 2024 – Видео

За единствената реална посластица во Женева се потрудија ентузијастите од италијанската мануфактура Kimera кои се посветија на оживување на легендарните автомобили на Lancia, конкретно рели моделот 037.
Dacia Geneva 2024 – Видео

Dacia не дозволи да падне во сенка на патронот. Под куполите на Палекспо настапи со дури три премиери што е остварување рамно на подвиг доколку се земе во предвид обемот на годинешната смотра.
Renault Geneva 2024 – Видео

Со најголем штанд и голема премиера на наследникот на моделот што ја обликуваше историјара на марката Renault доминираше во Женева. Електричниот Renault 5 е возило кое го носи духот на минатото со погон на сегашноста
Авто Магазин – Нова премиера – Што се случуваше во Женева

По четири години пауза повторно се одржа Женева Мотор Шоу. Бевме на лице место и направивме попис на тамошните премиери. Најверојатно, годинешниот обид Женева да се врати на светската мапа на саеми и да блесне со стариот сјај, ќе биде последниот. Според бројот на изложувачи и новинари ова лебедовата песна на некогашната „кралица на салоните“.
Pagani Huayra R Evo – Видео

Компанијата Pagani е еден од малкутемина преостанати бутик-производители кои не потклекнаа на трендовите и своите автомобили ги прави онака како најдобро знае. Затоа и секое нивно ново дело од ентузијастите се дочекува со респект, макар било наменето само за тркачка патека како што е R Evо верзијата на Huayra.
Alfa Romeo – Quadrifoglio на струја – Видео

Со праќањето во пензија на своите најмоќни бензински модели Giulia и Stelvio Quadrifoglio, Alfa Romeo најавува три верзии на Giulia на струја – основната со 350, Veloce со 800 и Quadrifoglio со повеќе од 1.000 коњи.
Audi RS Avant GT – Видео

Пред неколку години Audi го претстави концептот RS6 GTO создаден од дванаесет чираци кои инспирацијата ја добија од тркачкиот автомобил Audi 90 quattro од 1989 година. Сега нивната храброст е материјализирана со ограничена серија од 660 примероци која не само што делува застрашувачки моќно, го има и најсилниот мотор што е вграден во RS6.
Mercedes EQ – Се враќа во нормала – Видео

Со воведувањето на електричните возила во својата редовна понуда Mercedes се одалечи од својот традиционалистички пристап. Неконвенционалните форми на каросеријата беа проследени со посебно означување па, не ретко сето, ова предизвикуваше забуна во јавноста. Сега од Штутгард најавуваат работите дека ќе се вратаат во нормала и во дизајнот и во именувањето на моделите.
Chrysler Halcyon Concept – Видео

Chrysler најавува дека во 2025 година ќе се врати на глобалната автомобилска сцена. Компанијата која е дел од групацијата Stellantis, неколку години се сведе само на еден модел – моноволуменот Pacifica кој се продава само во Америка. Концептот за компактен електричен седан го прикажува дизајнерскиот јазик на првото ЕВ на компанијата и, доколку изгледа половина […]
Авто Магазин – Нова премиера

Aston Martin го засили Vantage, Audi RS6 GT најсилниот семеен караван, Porsche Tycan засилен и со продолжена автономија, Bugatti го подготвува наследникот на Chiron, Lotus Emeya подготвена за пазарот, Chrysler Halcyon го најавува враќањето на старата слава, го тестиравме BMW 520d…