Авто Магазин – Нова премиера

Aston Martin го засили Vantage, Audi RS6 GT најсилниот семеен караван, Porsche Tycan засилен и со продолжена автономија, Bugatti го подготвува наследникот на Chiron, Lotus Emeya подготвена за пазарот, Chrysler Halcyon го најавува враќањето на старата слава, го тестиравме BMW 520d…

Видео – Squad – Градски соларен автомобил

Со намалувањето на градските автомобили и поминувањето на разумна дневна километража, соларната енергија како полнач на батериите се враќа како добра опција

BMW 4 Coupe & Cabriolet 2024 – Видео

Што треба да се направи кога работата е од почеток направена како што треба? Сепак, Баварците не се опуштаат и вдахнаа нова свежина на дуото претставителни модели. Иако со минимални надворешни и внатрешни дотерувања, превземените зафати се забележителни, ревидирани се моторите и засилени со благи хибриди.

Lancia Ypsilon – Видео

Моделот кој долго време беше најавуван ќе стапи на автомобилската сцена во лимитирано издание од 1.906 примероци, според годината во која италијанскиот производител е основан.

Авто Магазин – Нова премиера

Електрониката е од голема помош во возилата, но станува камен на кого се сопнуваат многу производители на возила. Главен виновник за тоа е софтверот кој задава вистински главоболки во испораката на новите модели. Од овие маки не се поштедени ниту премиум марките. По долги години апстиненција Lancia се враќа во играта со адутот Ypsilon, модел […]

Видео – Volkswagen-Golf 8.2

Ажурираниот VW Golf од осмата генерација е претставен без многу помпа. Иако освежувањето е по повод 50-иот роденден на моделот, за него се направени неопходни дизајнерски затегнувања и ревидиран е изборот на моторите. Според плановите на стратезите од Волфсбург, ова подмладување е последно со мотори на согорување.

Авто Магазин – Нова премиера

Ароганцијата и самоувереноста на контроверзниот Илон Маск му се удира од глава. Пред неколку години тој ги исмеваше кинеските ЕВ, а сега бара западните држави да ги заштитат своите производители со дополнителни давачки и со тоа да ги спасат автомобилџиите од конкурентните и квалитетни кинески возила. На сцена стапи новиот Porsche Macan исклучиво на електричен […]

Renault Duster – Стар модел со нов дизајн за Бразил – Видео

Додека ние во Европа ја чекаме третата генерација на Duster, претходната во Бразил доживеа редизајн. Добивајќи погруб но и помодерен изглед, овој модел кој таму се продава под знакот на Renault сé уште ги привлекува купувачите со својата издржлива механика.

Авто Магазин – Нова премиера

Оптимизмот што го влеваше продажбата на возила мината година како да слабее. Проценките за тековната година не се толку розеви, а веќе се јавува нова криза во светската индустрија поттикната повторно од потешкотиите во ланецот на снабдување, поточно во бродскиот транспорт. Терористичките напади на товарните бродови во Црвеното море повторно ги принудија производителите за прекин […]