Авто Магазин – Нова Епизода

Со прераспределувањето на силите во автомобилската индустрија некои гледаат да спасат кожа, а некои гледаат можност за нов почеток. Иако интересот за електричните возила не е на очекуваното ниво, KIA најави проширување на понудата со три адекватни модели, а денеска ќе зборуваме на горлива тема, тоа е паркирањето во Општина Центар.
Видео – Mercedes Solid State Battery

EQS стана лабораторија на тркала во кого се тестира првата апликативна батерија со цврст електролит. Овој тип батерија користи цврст електролит наместо течен, што ја подобрува безбедноста на ќелијата и овозможува користење на нови аноди како литиум-метал, со што значително ги надминуваат конвенционалните литиум-јонски ќелии.
Видео – Maserati GranCabrio 2025

Студеното време Maserati го искористи за лансирање на обновениот модел GranCabrio за кого екипата од Модена се надева дека ќе ја подгрее продажбата.
Видео – Renault Estafette, Goelette i Trafic

Електричната гама на Renault се зголемува. Сега на сцена се стопанските модели Estafette, Goelette и Trafic кои ќе бидат новата перјаница на електрификацијата на францускиот дијамант.
Видео – Porsche 911 GT 3 RS Michelin

Porsche 911 GT 3 RS доби пневматици кои гарантираат оптимални перформанси при ниски, не поларни температури. Тие се произведени од Michelin.
Видео – ЕУ го менува тестирањето на PHEV

Со цел да ги прикаже вистинските вредности за еколошкиот ефект на приклучните хибриди, ЕУ го менува синтетичкиот и нереален циклус на тестирање
Видео – Volvo EX30 Cross Country

За разлика од неговиот донатор EX30, Cross Country верзијата се испорачува само со погон на сите тркала овозможен од два електромотора со вкупна моќност од 428 коњски сили.
Интервју – Марјан Манчев

Со Марјан Манчев, извршниот директор на Шпаркасе Лизинг и Претседател на асоцијацијата на лизинг компании во Македонија, разговаравме за начините на финансирање на возилата, колкав е уделот на оваа финансиска услуга во вкупниот број продадени возила кај нас, кои се предностите и недостатоците на овој начин на набавка на возила и предизвиците пред кои се […]
Видео- Triumph Speed Triple 1200

Мото светот започна да се буди од зимската пауза. Новитети на две тркала подготвени за пазарно лансирање има за сите. Triumph како и минатите години е еден од повредните и годинава ја стартуваше со обновениот Speed Triple 1200 RS.
Видео – DS со абиции за луксуз

DS, премиум марката на Citroen, веќе не сака да биде премиум. Мината недела објави дека со новите модели цели на луксузните возила и, барем како тврди нејзиниот прв човек, таа ќе станела Louis Vuitton помеѓу автомобилите!?