Тест – Ford Kuga Hybrid AWD

Во своето освежено издание на третата генерација Ford Kuga покажува потполна зрелост. Верзијата со 2,5 литрен бензинец впарена со самонапојувачки хибрид се покажа како извонредно шармантна по прашање на изгледот, возните својства и економичноста. Она што мене ме изненади е култивираното и избалансирано однесување на CVT менувачот, тип на менувач што кај јапонските ривали работењето […]
Видео – Morgan Supersport

Во ерата на електрични возила храброст е да се претстави модел исклучиво со мотор на согорување. Тоа упорно го прави тврдокорниот англиски производител на романтично обликувани спортски автомобили. Неодамна најавениот новитет Morgan го претстави на јавноста кого го нарече Supersport.
Видео – Toyota CH-R+& bZ4X

Toyota не запира со проширувањето на својата електрична понуда во главните европски сегменти. Веднаш после Urban Cruiser го претстави и новиот CH-R+ кој нема ништо заедничко со истоимениот бензински модел а ги унапреди и технолошките близнаци bZ4X и Lexus RZ.
Видео – Lynk & Co 08

Третиот модел за Европа на Lynk & Co стана првиот приклучен хибрид што ја проби границита на автономија од 1.000 километри.
Авто Магазин – Нова Епизода

Со прераспределувањето на силите во автомобилската индустрија некои гледаат да спасат кожа, а некои гледаат можност за нов почеток. Иако интересот за електричните возила не е на очекуваното ниво, KIA најави проширување на понудата со три адекватни модели, а денеска ќе зборуваме на горлива тема, тоа е паркирањето во Општина Центар.
Видео – Mercedes Solid State Battery

EQS стана лабораторија на тркала во кого се тестира првата апликативна батерија со цврст електролит. Овој тип батерија користи цврст електролит наместо течен, што ја подобрува безбедноста на ќелијата и овозможува користење на нови аноди како литиум-метал, со што значително ги надминуваат конвенционалните литиум-јонски ќелии.
Видео – Maserati GranCabrio 2025

Студеното време Maserati го искористи за лансирање на обновениот модел GranCabrio за кого екипата од Модена се надева дека ќе ја подгрее продажбата.
Видео – Renault Estafette, Goelette i Trafic

Електричната гама на Renault се зголемува. Сега на сцена се стопанските модели Estafette, Goelette и Trafic кои ќе бидат новата перјаница на електрификацијата на францускиот дијамант.
Видео – Porsche 911 GT 3 RS Michelin

Porsche 911 GT 3 RS доби пневматици кои гарантираат оптимални перформанси при ниски, не поларни температури. Тие се произведени од Michelin.
Видео – ЕУ го менува тестирањето на PHEV

Со цел да ги прикаже вистинските вредности за еколошкиот ефект на приклучните хибриди, ЕУ го менува синтетичкиот и нереален циклус на тестирање