Volvo EX60 – Започна производството

Volvo започна со производство на EX60 во фабриката во близината на Гетеборг во која во последниве неколку години се вложени скоро милијарда евра. Она што го прави посебен овој средно голем кросовер е што е прв и засега единствен електричен модел на марката целосно развиен во Шведска. Интересот за него е доста голем, дотолку што […]

Volkswagen – Нов хибриден систем

Volkswagen разви нова хибридна погонска група за Golf и T-Roc планирани за пазарно лансирање од четвртиот квартал годинава. Се работи за стандарден хибрид кој комбинира 1,5 литарски турбо агрегат со електромотор и генератор кој ја полни малата литиум-јонска батерија. При возење на струја со мали градски брзини силата се пренесува на предните тркала преку едностепена […]

Stellantis – Нова систематизација на брендовите

Од 14 брендови што се под капата на групацијата, само четири ќе делуваат глобално Stellantis е пред сериозна промена на стратегијата и структурата – според официјално непотврдените информации само четири од марките што ги има ќе ја превземат водечката улога. Извештаите велат дека тоа ќе бидат Jeep, Ram, Peugeot и Fiat додека останатите ќе настапуваат […]

Volvo Trucks – И струја и водород

Volvo Trucks останува доследен во своите напори за декарбонизација на транспортот. Меѓу другото нивната работа резултираше со нов електричен камион за долги релации. Претставува значаен чекор во сегментот на тешките возила бидејќи со едно полнење на батериите може да помине 700 километри. Користи нова погонска технологија со оска со интегриран електромотор од 623 коњски сили […]

Бојан Петрушевски наострен за Circuit Paul Ricard

Македонскиот автомобилизам продолжува да се претставува на Eвропската сцена! Нашиот возач Бојан Петрушевски ќе настапи на претстојната трка од Clio Cup Europe, која ќе се одржи од 24 до 26 април 2026 година на легендарната патека Circuit Paul Ricard во Франција. Петрушевски ќе настапи со стартен број 969, под знамето на АКК Renault Sport Скопје, […]

Opel Corsa GSE – Скриеното е највозбудливо

Во пресрет на париската премиера закажана за октомври, Opel веќе почна да нѐ „пецка“ со напон Моделот Corsa се појави во средината 1980-тите и веднаш беше вистински хит. Не дека во својата кариера секогаш беше на врвот на листите, но секогаш беше меѓу најпродаваните. За тоа придонесе нејзиниот практичен и привлечен дизајн проследен со неколку […]

Peugeot – Модернизација на имињата

Peugeot ги прилагодува комерцијалните имиња на своите модели со приклучен хибрид за да се усогласат со Euro 7 стандардот. Стандардот  Euro 7 ќе стапи на сила од 30 ноември на тековнава година. Според прописите, ќе биде воведен нов протокол за хомологација за комбинираната моќност на plug-in хибридните модели. Протоколот за хомологација е наречен GTR21 и […]

Nio ES9 – Доаѓа во Европа

Кинескиот Nio го претстави својот најголем модел, кросоверот ES9. Долг е 5,37 метри и се одликува со современ и препознатлив дизајнерски стил со преден дел со облик на нос на ајкула и поделени светла. Како што доликува на високопозициониран модел има напредни автономни способности а за погон се грижи архитектура на 900 волти. Електромоторите испорачуваат 700 […]

Porsche Македонија го поддржа изборот за „Работодавач на годината“

Инвестирањето во луѓето е најсилниот двигател на успехот! Како лидер во автомобилската индустрија кој секогаш се стреми кон врвни стандарди, Porsche Македонија го потврди своето партнерство со бизнис заедницата преку поддршка на престижниот настан „Работодавач на годината“, кој се одржа во хотелот „Лимак“.  Со присуство на водечките компании, лидери и професионалци од земјава, Porsche Македонија […]

Honda Super-N – Џиџубеец со големо его

Иако Honda се откажа од своите најавени три електрични модели, Super-N ветува дека ќе ги надмине конвенциите за компактно електрично возило Honda е на пат да го редефинира сваќањето за мало електрично возило. Конструиран на лесната платформа на напредната гама автомобили од серијата N „Kei“ што се продава во Јапонија, Super-N е инспириран од легендарниот […]