Преполовувањето на понудата е дел од мерките на компанијата против таложење на загубите
Веќе не е тајна – Volkswagen подготвува големо кратење на понудата како превентива од понатамошни финансиски проблеми. Таканареченото поедноставување на гамата официјално не кажува кои се моделите чија иднина е загрозена но некои од нив на овој или оној начин веќе се знаат. Целта е да се намалат трошоците за развој и производство со отстранување на моделите кои меѓусебно се преклопуваат и инвестициите да се насочат кон најпрофитабилните сегменти и технологии.
Со оглед на тоа Touran, Touareg и кабриолет верзијата на T-Roc ја завршуваат кариерата а доста извесно е дека ќе им се придружат и малиот SUV Taigo и електричниот ID.5 бидејќи со своето пазарно позиционирање силно им пречат на T-Cross и ID.4. Долгорочно е дискутабилна и иднината на Polo со класични мотори. шансите истото да му се случи и на Golf се помали иако постојат додека Passat веќе со половина нога е заминат во историјата. Кратењето нема да го заобиколи ни Audi. A1 и Q2 веќе ја напуштија понудата, а под лупа ќе се најдат и Sportback верзиите на Q3 и Q5. Иднината не му се смее ни на A8 чии купувачи веројатно ќе се пренасочат кон Q9.
Кај Cupra прв кандидат е Ateca, додека одлуката за наследникот на Leon ќе зависи од продажбата на Formentor. Seat од други причини е чувствително прашање додека Škoda која моментално е доста успешна веројатно нема да остане целосно поштедена. Scala често се наведува како логичен кандидат за укинување, додека електричниот Epiq би можел да презеде дел од купувачите на Fabia и Kamiq. Porsche сигурно ќе го зачува 911, но знак прашање се поставува меѓу Taycan и Panamera. Bentley и Lamborghini веројатно ќе поминат најмалку осакатени.
Покрај гасењето на поедини модели она што најмногу ќе го почувствуваат купувачите е драстичното намалување на бројот на можни конфигурации, посебно во моторната понуда.





