Honda CR-V го симна Ford F-150 од тронот

Дали деценискиот неприкосновен бестселер во Америка ќе падне како жртва на зголемените цени на горивата?

Се случи тоа во што никој не веруваше – Ford F-150 веќе не е најпродавано возило во Соединетите Американски Држави. Приматот во првите шест месеци годинава отиде кај Honda CR-V како резултат на силната побарувачка за хибридни возила но и поволните лизинг услови. На пикапот на Ford му наштети и нарушениот синџир на снабдување со делови и компоненти како последица на ограничувањата и царините што ги воведе Трамп за нивни увоз но и пожарот кај кооперантот кој ги испорачува алуминиумските панели од каросеријата. Трката не е завршена но јапонскиот кросовер му води на американскиот пикап со 20.000 продажби предност. Далеку зад нив се наоѓа Toyota RAV4 кој ќе постигнеше подобри бројки да не беа прекините во неговото производството заради транзиција на фабриката од која излегува.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER