Cadillac Blackwing – Провокација од Америка

Враќање на ергелите

Не е срамота да паднеш, срамота е да не станеш!

објавено 5. февруари 2021

Неколкуте изминати години беа лоши за љубителите на фенси автомобилите со многу коњски сили на Cadillac. Презентацијата на новите V модели во летото 2019 година беше придружена со сериозни загуби во перформансите. Помалиот модел CT4-V падна во споредба со неговиот претходник ATS-V од 470 на 320 коњи, поголемиот CT5-V излезе на пазарот со 355 КС за разлика од 649 коњи во претходниот CTS-V. И големиот CT6-V со својот сензационален 4.2-литарски „Blackwing“ V8 дури испадна од понудата во 2020 година без да добие замена. На крајот на краиштата, дури и тогаш, луѓето шепотеа за претстојните модели кои повторно ќе се изградат на старата моќ и слава. Сега дојде време за тоа. Луксузната марка на GM лансира два модела „Blackwing“.

Сепак, истоимената машина повеќе не се користи. Првично беше наменето да се инсталира не само во CT4 и CT5, туку и во новиот Escalade и во врвниот модел наречен CT9. Со импресивни резултати настапува CT4-V Blackwing, компактен спортски седан во формат на BMW M3, сега има 3,6-литарски битурбо од 479 КС. CT5-V Blackwing е опремен со 6,2-литарски V8 со супер полнач кој сега е зголемен на 677 КС. Со ова се постигнуваат 304 км на час (CT4-V) или над 320 км на час (CT5-V). Погонот кај двата снагатори е на задните тркала преку десетстепен автоматски менувач или со шестстепен мануелен менувач од Tremec. И двата модели освежувачки се спротивставуваат на доктрината што ја одржуваат германските производители дека веќе нема пазар за модели со високи перформанси со мануелен менувач и погон на задните тркала. Барем во САД, вториот по големина пазар во светот, тоа во никој случај не е така. Првата серија на двата нови модели, понудени за 59.990 (CT4-V) и 84.990 (CT5-V) долари, беше распродадена за многу кратко време. Заинтересираните купувачи се ставаат на список на чекање. Патем, за разлика од претходните модели, Cadillac повеќе не е заинтересиран да ги пласира новите  модели во Европа. Понудата на брендот во моментов е ограничена на компактниот теренец наречен XT4.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER