BYD YangWang U6 – Нај аеродинамичниот автомобил на светот

Се случи и тоа, Кинезите го имаат нај аеродинамичниот комерцијален модел  на планетава

Новоформираната премиум марка која започна да работи годинава и делува под чадорот на BYD сериозно си ја сваќа улогата. По претставувањето на кросоверот U8 и електричниот суперавтомобил U9, објавија дека нивниот седан U6 е на врвот на списокот автомобили според коефициентот на аеродинамика.

Со вредност 0,195 Cd од тронот е симнат Mercedes EQS кој има коефициент на отпор од 0,20, додека Tesla Model S бележи 0,208 Cd, вредност идентична со онаа на Nio ET7. Листата продолжува со Lucid Air со0,21, додека Porsche Taycan, Mercedes-Benz S-Class и BMW серија 5 ја делат вредноста 0,22. Има уште многу време пред да ги видиме официјалните фотографии на U6. Но, техничките цртежи неодамна го открија надворешниот дизајн.

Има огромни предни светла, слични на оние на YangWang U9, тесни тркала со краци и активен спојлер на задниот дел, поставен веднаш над лентата што ги поврзува задните светла. На покривот се појавува LiDAR сензор за да можеме да очекуваме напредни способности за автономно возење. Кинеските медиуми пишуваат дека YangWang U6 е целосно електричен автомобил со четир електро мотори со вкупна моќност од 1.115 КС. Најавена е и plug-in хибридна изведба. U6 би требало да се продава со почетна цена од околу 100.000 евра и производителот нагласува дека главен конкурент во Кина ќе биде Tesla Model S Plaid кој е поскап за околу 30.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER